Многу едноставен колач кој брзо се прави. Потребно е сите состојки да ги изматите, најпрво јајцата, па влажните состојки, а потоа и сите суви состојки, претходно промешани и изедначени, а на крај ренданите јаболка и сувото грозје.
Колачот се пече околу половина час, а потоа се прелива со чоколадната глазура, која можете да ја приготвите според рецептот или според некој ваш избор.
Потребни состојки:
3 јајца, 1 шолја шеќер, 1 шолја млеко, ½ шолја масло, 100 г пченичен гриз, 100 г мелени ореви, 100 г суво грозје, 3 јаболка рендани, 3 лажици брашно, 1 прашок за печиво, 1 ванилин шеќер, цимет по желба
За глазура:
100 г чоколадо за готвење, 3-4 лажици шеќер во прав, 1 лажица масло, малку млеко
Постапка:
Пенасто изматете ги јајцата и шеќерот, а потоа додадете ги останатите состојки. Пожелно е сувото грозје претходно да го натопите во рум, сок или топла вода (за да набубрат и омекнат).
Смесата е доста ретка, но тоа нека ве грижи, таква треба да биде. Излејте ја во плех 25х35 см обложен со хартија и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени околу 30 минути. Проверете со чепкалка или нож дали тестото е печено.
За глазура: Растопете го чоколадото на пареа, додадете шеќер и млеко до постигнување на саканата густина, па додадете масло за сјај.
Наместо масло може да користите путер или маргарин. Глазурата прелијте ја преку изладениот колач и оставете убаво да се олади.
Coolinarika.com