Името на овој колач не беше читливо бидејќи рецептот за овој колач го најдов во стар весник од 1950 година. Без оглед на тоа, овој неверојатен рецепт од 1950-тите е многу вкусен! Колачот има неодолива привлечност и има влажна и нежна текстура. Најдобриот дел е влажниот и темен бисквит кој секој залак го трансформира во чоколаден рај.




Дома го пробавме и беше толку добар што не изедовме само едно парче, туку целиот колач одеднаш! Колачот има чоколаден вкус, а кората се хидрира со овошен сок од желе, а доколку не можете да најдете може да користите или џем/мармалад, а потоа се прелива со чоколадна глазура. Подеднакво е вкусен кога е ладен, но и кога е топол. Еве што ви е потребно:




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА БИСКВИТОТ: 200 г темно чоколадо околу 50% какао, 60 мл масло (¼ чаша), 175 г пченично брашно (1⅓ чаша + 2 лажици), 25 г пченкарен скроб (3 лажици + 1 лажиче), 100 г ситно сечкани лешници, 10 г просеано какао во прав (2 лажици + 1 лажиче), 1 лажичка прашок за печиво, 1 лажиче сода бикарбона.

И УШТЕ ЌЕ ВИ БИДЕ ПОТРЕБНО: 150 г путер на собна температура, 175 г шеќер (¾ чаша + 2 лажици), 1 лажичка ванилин шеќер, 1 прстофат сол, 5 јајца, 500 г желе од црвена рибизла (1⅓ чаши + 2 лажици). ЗА ЧОКОЛАДНИОТ ПРЕЛИВ: 140 г шлаг со најмалку 30% маснотии (½ чаша + 1 лажица масло) и 140 г темно чоколадо.




ПОСТАПКА ЗА БИСКВИТОТ: Земете еден подлабок, стаклен сад и во него ставете 200 г темно чоколадо, скршено на коцки. Додајте 60 мл масло и садот ставете го врз тенџере со вода, на рингла. Растопете го чоколадото, па тргнете го садот од тенџерето и оставете го настрана да се олади. Во меѓувреме измешајте ги сувите состојки.




Во еден сад ставете 175 г пченично брашно, додајте 25 г пченкарен скроб, 100 г ситно сечкани лешници, 10 г просеано какао во прав, 1 лажичка прашок за печиво и 1 лажиче содa бикарбона. Измешајте ги состојките со жица/маталка и оставете ги настрана. Во садот со растопено чоколадо додајте 150 г путер на собна температура, исечкан на коцки и 175 г шеќер.




Започнете да ги миксирате состојките додека шеќерот да се соедини и смесата да добие кремаста конзистентност. После 2 минути миксирање, започнете да додавате едно по едно јајце, додека непрекинато матите со миксерот. По секое додавање на јајцето, матете 30-тина секунди, па потоа додајте го следното и така додека да ги ставите сите 5 јајца.




Потоа, започнете постепено да ги додавате сувите состојки и матете со миксерот на средна кон најмала брзина за смесата да не спласне. Смесата треба да биде еднолична и да нема грутчиња од сувите состојки. Вака подготвената смеса излејте ја во тенок и долгнавест калап, израмнете ја и ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 степени на горната или долната решетка.




Бисквитот се пече околу 40-тина минути, а доколку печете со вклучен грејач, рерната нека биде вклучена на 160 степени, а колачот треба да се пече на средина или под средната решетка.

По печењето, колачот се остава да се олади во калапот околу 1 час. На пареа растопете го желето од рибизла, а доколку не можете да најдете вакво желе, користете мармалад (да нема поголеми парчиња од овошје, или може да ги изблендирате).

Желето или мармаладот треба да бидат течни. Со дрвено стапче со дијаметар од 1 см избоцкајте го бисквитот 24 пати, по 3 пати во еден ред. Излејте го топлото желе во дупчињата кои не треба да бидат избоцкани до дното на колачот, доволно е негде до средината или малку повеќе. На крајот подгответе ја чоколадната глазура со растопување на чоколадото и маслото на пареа.

Излејте ја чоколадната глазура врз бисквитот и ставете го колачот да се олади во фрижидер, околу 1 час. Потоа, извадете го од калапот и послужете го со сечење на парчиња со дебелина по ваша желба. Деталите погледнете ги ОВДЕ.