СОЧЕН КОЛАЧ СО 2 ЈАБОЛКА…Едноставен и брз…Измати и испечи…Еве што ви е потребно за да го подготвите овој многу вкусен десерт:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

4 јајца,
1 ванилин шеќер,
100 г шеќер,
200 мл масло,
200 мл млеко,
2 јаболка,
200 г брашно,
15 г прашок за печиво,
1 лажичка цимет,
плех 20х30 см.

ЗА ГЛАЗУРА/ПРЕЛИВ:
300 мл слатка павлака или млеко,
2 супени лажици какао,
1 лажичка цимет,
2 лажици шеќер.

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со шеќерот и ванилата додека да станат кремасти, па во тенок млаз додајте го маслото, а потоа и млекото.

2.Во смесата директно изрендајте ги јаболката, додајте просеано брашно помешано со прашок за печиво и соединете со жица.

3.Смесата сипете ја во намастен со путер плех 20х30 см и печете 35 минути во загреана рерна на 200 степени.

4.Кога ќе се олади исечете го на коцки и залијте го со глазурата и оставете да се олади. За глазура: сите состојки растопете ги на ниска температура и оставете 5 минути да подизлади.