Потребни состојки:
12 јајца
12 лажици шеќер
200 мл масло
12 лажици брашно
4 лажици какао
1 прашок за печиво
200 мл млеко
За ФИЛ:
800 мл млеко
8 лажици брашно
200 г шеќер
250 г путер/маргарин
1 кг киви +-
2 безбојни преливи за порта
Постапка:
Изматете ги јајцата со шеќер, додадете масло, а потоа брашното помешано со прашок за печиво и какао. Печениот бисквит испрскајте ги со 200 мл варено млеко.
Фил: одвојте малку млеко и разматете го со брашно, а потоа сварете го со шеќерот како пудинг. Во изладениот крем додадете пенесто изматен путер.
Врз кората намалкајте го филот, исечкајте ги кивите на тркалца па наредете ги врз филот, а потоа пригответе го преливот за торти според упатството на кесичките. Мерката е плехот од рерна, а ако ви е премногу можете да ја преполовите мерата.
Receptizabrzaijednostavnaje.com