Пица за 10 минути, испробан повеќе пати – ги воодушеви сите!

Потребни состојки:

1 чаша јогурт

2 чаши брашно

2 лажици масло

½ лажичка сол

½ лажичка прашок за печиво

Постапка:

Од брашното, солта, прашокот за печиво, маслото и јогуртот замесете тесто.

Тестото веднаш расукајте го на побрашнета површина, па ставете во плех за печење.

Филувајте по сопствен избор.

Печете во загреана рерна на 220 степени 10-тина минути.

domacinskirecepti.info

Loading...