СОЧЕН ГРИЗ КОЛАЧ ЗА 5 МИНУТИ…без миксер и вага…брз и едноставен…Овој колач се подготвува за само неколку минути, а потоа се пече и се полева со сируп…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (се мери со чаша од 200 мл):
3 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша јогурт или кисело млеко
1 чаша масло
1 чаша брашно
1 чаша (200 г) гриз
1 кесичка ванилин шеќер
1 кесичка прашок за печиво
За сируп:
2 чаши шеќер
2 чаши вода
1 кесичка лимонов шеќер или 2-3 тркалца лимон
ПОСТАПКА:
1.Пригответе го прво сирупот за да имате време да се олади. Сите состојки ставете ги во тенџере, па откако ќе зоврие варете 10 минути на умерена температура со повремено промешување.
2.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќер и ванила (матете 4 минути со рачна жица-маталка). Додајте масло и јогурт, па соединете.
3.Потоа додајте брашно, гриз и прашок за печиво, па промешајте за сето да се изедначи. Смесата сипете ја во намастен и набрашнет калап 30х20 см и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
4.Печениот колач оставете да подизлади 5-10 минути, па исечете го и залијте го со оладениот сируп.
Декорирајте со кокос, кекси и сл. по желба. Послужете изладено. Постапката погледнете ја ОВДЕ.