Сочен гриз колач за 20 минути…Овој рецепт ќе го правите секој ден…Толку многу е вкусен…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (За мерење се користи чаша од 200 мл, за калап 30х22 см):

4 јајца
1 чаша шеќер
1 чаша млеко
1/2 чаша масло
1 чаша брашно
1 чаша гриз
1 прашок за печиво 12 г
1 ванилин шеќер

За сируп (да се вари 5 минути, па да се олади):
2 чаши шеќер
2 чаши вода
сок од 1/2 лимон

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот (со жица или со миксер), па додајте масло, млеко, ванила и соединете. Потоа додајте гриз, брашно и прашок за печиво, па промешајте со жица.

2.Убаво изедначената смеса која ќе ви се чини малку течна, поклопете ја и оставете да отстои 15 минути. За тоа време гризот ќе набабри. За тоа време пригответе го сирупот.

3.Калапот намастете го и посипете го со брашно, па излејте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.

4.Полијте го топлиот колач со оладнеиот сируп. Оставете да се олади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ.