Колач со гриз – неодолив десерт за секоја пригода
Овој колач со гриз, познат по својата едноставност и богат вкус, ќе ве освои уште по првиот залак.
Комбинацијата од мек бискивит и слаткиот сируп создава совршена рамнотежа на текстури и ароми, идеална за семејни собири или уживање со шолја кафе.
Подгответе го овој десерт со лесно достапни состојки и уживајте во магијата на домашната кујна, пишува НМД. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
За бискивит:
– 4 јајца
– 1 чаша (200 мл) шеќер
– 1 чаша (200 мл) млеко
– 1/2 чаша (100 мл) масло
– 1 чаша (200 мл) брашно
– 1 чаша (200 мл) гриз
– 1 кесичка (12 г) прашок за печиво
– 1 кесичка ванилин шеќер
– НМД
За сируп:
– 2 чаши (400 мл) шеќер
– 2 чаши (400 мл) вода
– Сок од половина лимон
Напомена: Се користи чаша со зафатнина од 200 мл. Препорачан плех: 30×22 см.
ПОСТАПКА:
1.Во подлабок сад пенасто изматете ги јајцата со шеќерот (со жица или со миксер), па додајте масло, млеко, ванила и соединете. Потоа додајте гриз, брашно и прашок за печиво, па промешајте со жица.
2.Убаво изедначената смеса која ќе ви се чини малку течна, поклопете ја и оставете да отстои 15 минути. За тоа време гризот ќе набабри. За тоа време пригответе го сирупот.
3.Калапот намастете го и посипете го со брашно, па излејте ја смесата и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 30 минути.
4.Полијте го топлиот колач со оладнеиот сируп. Оставете да се олади пред послужување. Постапката погледнете ја ОВДЕ:
https://www.youtube.com/watch?v=6p80W8GG6m8