Колачот се приготвува без јајца и млечни продукти, па затоа може подолго да трае и тоа го прави идеален, не само за десерт наменет за секојдневно засладување, туку и за слави и разни свечени пригоди. Многу е вкусен и сочен, а се приготвува брзо и лесно. Посен е, но може да се приготвува преку целата година. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (состојките се мерат со чаша од 250 мл): 1 чаша гриз, 1 чаша остро брашно, 10 г цимет (една лажица или по вкус), 1 лажичка какао во прав, 1 лажичка прашок за печиво (5 г) или сода бикарбона, 1/2 чаша масло, 1 чаша газирана вода, 1/2 чаша шеќер, 1 кесичка ванилин шеќер (10 г), 8+8 лажици џем, 100 г посно чоколадо, 2 лажици масло
ПОСТАПКА: Во посебен сад просејте го месото заедно со прашокот за печиво. Потоа низ цедалката помешајте ги и просејте ги гризот, циметот и какаото во прав. Потоа додајте шеќер и ванилин шеќер, па промешајте за да се изедначат сите суви состојки.
Во сувите состојки додајте осум супени лажици џем и една чаша газирана вода, па мешајте со кујнска жица-маталка додека да се растворат состојките и да се изедначи смесата. На крај додајте го маслото и повторно промешајте за да се инкорпорира. Поминете со шпатула убаво низ дното на садот за да не остане ништо залепено.
Рерната вклучете ја да се загрева на 200 степени. Плех со средна големина (20х30 см) намастете го на дното и страните, а потоа наросете го со брашно, а вишокот истресете го, па излејте половина од смесата, рамномерно распоредете ја и израмнете (избришете ги ѕидовите од садот ако некаде капнало, за да не загорува при печењето).
Потчукнете го плехот од работната маса за да излезат евентуалните воздушни меурчиња, па ставете да се пече во загреаната рерна на 200 степени, само 10 минути колку да фати коричка. Потоа извадете го колачот и премачкјате го преку цела површина со осум лажици џем.
Врз џемот излејте ја втората половина од бисквитното тесто, па распоредете го рамномерно да се покрие целата површина. Вратете го колачот во врелата рерна да се допече уште 15-20-тина минути на 200 степени. Кога е печен, најдобро е да проверите со чепкалка (ако излезе сува, значи дека е печен).
За глазура: чоколадото искршете го на коцки, додајте две лажици масло, па ставете да се растопи на пареа или во микробранова печка. Чоколадната глазура излејте ја врз колачот и израмнете. Оставете да се стегне и олади пред послужување. Деталите погледнете ги ОВДЕ.