Сочен БАКЛАВА КОЛАЧ со ореви…Има преубав мирис и се топи во уста…Неодоливо потсетува на вистинската баклава…Овој рецепт е од оние кои можат да се најдат во бабините, со рака испишани тефтери…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

10 јајца,
300 г мелени ореви
1/2 прашок за печиво,
2 лажици лебни трошки (презла),
10 лажици шеќер,

За прелив (чаша од 250 мл):
2 чаши шеќер,
3 чаши вода,
сок од лимон.

ПОСТАПКА:

1.Одвојте ги жолчките и пенасто изматете ги со шеќерот додека да станат кремасти. Посебно изматете ги белките во цврст снег, па во нив додајте ги жолчките и мешајте со лажица за да остане смесата кремаста.

2.Додајте 10 супени лажици мелени ореви (од вкупната количина) и повторно промешајте со лажица. Потоа додајте ги прашокот за печиво и лебните трошки и изедначете.

3.Смесата излејте ја во намастена и набрашнета тепсија/плех со средна или голема величина и ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени, 20-25 минути. Печениот колач оставете да се подизлади, па исечете го на коцки.

4.Сирупот од шеќер и вода варете го додека да стане малку леплив под прсти, па додајте лимонов сок по вкус. Залијте го рамномерно колачот и веднаш посипете го со преостанатите ореви. Послужете го добро изладен. Постапката погледнете ја ОВДЕ.