-Биле извадени два тумори, од кои едниот со огромни димензии, од пациентка која со години била препраќана од една во друга болница-
-За среќа, пацинетката побарала помош на вистинското место, бидејќи туморот бил брзорастечки и бршел компресија на околните ткива.-
Од архивите на клиниката:
“Во нашата клиника еден од многуте карактеристични случаи кои беше забележан во последниов период е случајот со една наша сограѓанка која на свои 56 години доживеа вистинска траума и борба за својот живот во други клиники каде што претходно се лекувала без притоа да ѝ се реши проблемот кој бил животно загрозувачки за неа – со анамнеза за докажан хемангиом на црн дроб пред 5 години.
Последна контрола на МСКТ (мулти слајсна компјутеризирана томографија) пред да дојде во Zan Mitrev Clinic имала во 2018 година по што се јавува во нашата клиника на контрола поради незадоволство од услугите во јавното здравство.
– При преглед пациентката е со телесна тежина од 95 кг, со висина од 164 см и индекс на телесна маса (BMI) од 35,33 кг/м2. Основни тегоби кои ги имаше пациентката се болки под десен ребрен лак и болки во десно рамо.
На контролен МСКТ утврдивме дека хемангиомот го зафаќа скоро целиот десен лобус на црниот дроб (со пречник околу дваесетина сантиметри и неколку килограми тежина) со истовремено присутен и помал хемангиом на левиот лобус. Во однос на претходниот наод на МСКТ во моментот хемангиомот се зголемил скоро за 50%.
На ниво на хепатичните вени утврдена е компресија и патолошки анастомози со долната вена кава. Реконструкцијата на абдоминалните артерија покажа, како што се и очекуваше, дека помеѓу десната хепатична артеријата и хемангиомот нема патолошки комуникации.
Поради големината на промената советувана е за оперативно отстранување на двете промени на црниот дроб – објаснува доктор Милчо Пановски, абдоминален хирург, супспецијалист, во нашата клиника, којшто понатаму со тимот ја изведоа оваа комплицирана операција.
Веднаш се пристапи кон подготовка за оперативен зафат по што се изведе истиот од тимот на Zan Mitrev Clinic. Пациентката е примена и водена согласно ERAS (Enhanced Recovery After Surgery) протоколот.
Од тимот што ја изврши операцијата објаснуваат дека поради големината на хемангиомот оперативното поле за интервенција било значително ограничено а операцијата отежната.
За време на операцијата поради очекуванато крвавење користен е IOS (intraoperative blood salvage) односно медицинска постапка што вклучува враќање на изгубената крв за време на операцијата и повторно внесување на истата кај пациентот. Оваа постапка е главна форма на авто-трансфузија.
– Успеавме безбедно да се отстрани хемангиомот од десниот лобус како и да се отстрани хемангиомот од левиот лобус. Вкупното време на операцијата изнесуваше 210 мин. Операцијата и пост оперативниот тек беа уредни – додава доктор Пановски.
По операцијата пациентката е со стабилна здравствена состојба и е на домашно заздравување.”