СМЕСА БР.1
Потребно:
50 г семе од коприва
100 г бадем непечен
100 г мед
Подготовка:
Семето и бадемот се мелат во блендер, па се мешаат со медот додека да се добие густа паста.
Секое утро се зема по една лажичка.
СМЕСА БР.2
Потребно:
1 кг мед
50 г семе од коприва
50 г лист од коприва
Подготовка:
Се мешаат состојките убаво за да се изедначи смесата.
Секое утро се зема по една лажичка.