Магдоносoт содржи две групи на уникатни состојќи: aроматични масла поради кои мириса така силно и флавоноиди кои заеднички ги елими-нираат ток-сините од телото.

Магдоносот, исто така ја стимулира циркулацијата во кр-вта а со додаток на лимонов сок ќе добиете делотворен напиток кој го намалува холестеролот со голема брзина така што многу пациенти ги шо-ки-рале своите доктори со нивниот напредок по консумирањето.

Ако сакате за кратко време да се ослободите од вишокот масти по телото, пробајте го природниот сок од магдонос. Пијалакот помага при согорување калории, го храни телото со витамини и минерали, а магдоносот го забрзува ослободувањето од вишок течности во организмот.

Магдоносот поттикнува излачување на штетни материи од телото и ја поттикнува циркулацијата. Во комбинација со лимонот успешно се намалува нивото на лошиот холестерол во кр-вта. Во мастите во кр-вта се вбројуваат холестеролот и триглицеридите.

Без нив животот е незамислив, но ако тие се наоѓаат во зголемени концентрации, тогаш стануваат едни од ризик факторите за развој на кардиоваскуларни болести. Важно е да се нагласи дека тие се променлив ризик фактор, па на нив е можно да се влијае со промена на животните навики (здрава исхрана, престанок на пуше-њето, физичка активност) со воведување на медикаментна терапија ако е потребно.

Холестеролот можете да го нормализирате и на природен начин – со консумација на напиток од лимон и магдонос. Веќе е познато дека магдоносот е одличен сојузник за здравјето на човекот. Содржи природни етерични масла, но и флавоноиди и витамини Ц, А и К, па се препорачува да се консумира во текот на сезони на грип и настинки.

Освен тоа, магдоносот поттикнува излачување на штетни материи од телото и ја поттикнува циркулацијата. Во комбинација со лимон, успешно го намалува нивото на лошиот холестерол во кр-вта.

Потребни состојки: 1 ½ литри вода, 3 ќитки магдонос, 1 кг лимон и сода бикарбона

Постапка: за да ја отстраните нечистотијата од кората на лимонот, најпрво протријте ја содабикарбона промешана со малку вода. Сепак, препорака е да користите домашен, непрскан лимон, но доколку го немате исчистете го со сода, а потоа преку ноќ оставете да отстои во солена вода.

Водата ставете ја на оган да зоврие а потоа оставете да излади. Лимонот исечете го на парчиња, магдоносот исечкајте го па сето заедно додадете во изладената вода, поклопете и оставете да отстои 24 часа во фрижидер.

Следниот ден смесата измиксајте ја за да се спојат добро сите состојки па складирајте во стаклено шише. Секојдневно консумирајте околу 100 мл од овој сок, на гладно.

Магдоносот е медитеранска двогодишна билка која поради темнозелените листови често игра главна улога при декорација на храната. Меѓутоа, таа не е само декоратор, таа е и вистинска лековита билка со многукратна примена, како во традиционалната, така и во официјалната медицина. Како таков, може да се консумира на различни начини и за различни состојби.

Традиционална употреба на магдоносот

Магдоносот се култивира повеќе од 2000 години, а во грчката култура е исклучително ценет поради тоа што се употребувал за време на сите церемонии. Во средниот век, магдоносот си го нашол своето место во народната медицина, каде и ја постигнал својата популарност.

Во античка Грција се верувало дека Прозерпина – божицата на подземниот свет, го создала магдоносот. Тогаш, исто како и денес, чајот од магдонос бил подготвуван за исфрлање на вишокот вода од телото, прочистување на бубрезите и за детоксикација.

Магдоносот се смета за елик-сир на виталноста и е еден од најдобрите природни лекови кој изобилува со витамини и минерали

Во традиционалната медицина, магдоносот се користи за следните намени: помага во елими-нирање на проблемите поврзани со лош здив; бидејќи е богат со железо, се препорачува при состојби на анемија; ги ублажува менструалните б олки и грчеви, а исто така, се користи за лекување на нередовни менструални периоди.

Го намалува нивото на лош холестерол; се користи за намалување на висок кр-вен притисок; го забрзува закрепнувањето при настинка и вирусни инфекции, особено кај белодробни инфекции; делува како антиоксиданс; помага во опоравувањето по породување.

Состав

Магдоносот е исклучително богат со антиоксиданси, како што се бета-каротен, лутеолин, апиген, ликопен и алфа-каротен. Исто така, содржи важни витамини и минерали како витамин А, Ц и К, фолати, железо и калциум.

Една чаша сечкан магдонос содржи 984 микрограми витамин К. Покрај тоа, количините на другите хранливи материи се: 1.78 г протеини; 0.47 г масти; 3.8 г јаглехидрати; 0.51 г шеќер; 2 г диететски влакна; 79.8 мкг витамин Ц; 5.054 IU витамин А

Научно потврдени лековити својства на магдоносот се: зголемена екскреција на урина; намалување на б олките при менструација; стимулација на апетитот кај неухранетост; подобро варење на храната

Магдоносот е и одличен природен освежувач за здивот. Изџвакан сиров го намалува или отстранува лошиот здив, особено после консумација на лук!

Магдоносот како лек за бубрези

Со оглед на тоа што магдоносот е богат со антиоксиданси и витамини, природно помага во чистењето на бубрезите и придонесува за негово нормално функционирање. Со векови се користи како диуретик при проблеми со бубрежни камења, камења во жолчка и инфекција на уринарен тракт.

Чистењето на бубрезите може да се одвива со медицински надзор со внесување на магдонос во облик на чај или сок. Спроведени се студии на здрави лица во период од 4 недели, од каде може да се заклучи дека чајот од магдонос не предизвикува промени во составот на урината кои би можеле да бидат ризични по здравјето на бубрезите и мочниот меур. Сепак, преголеми количини на магдонос можат да предизвикаат проблеми кај пациенти кои имаат воспалителен проблем со бубрезите и жолчниот меур.

Магдоносот во борбата против рак

Флавоноидите пронајдени во магдоносот, како што се мирицетин и апигенин, можат да помогнат во превенција на развој на карцином. Магдоносот се смета за посебно ефикасен во спречување на појава на рак на простата и дебело црево.

Магдоносот во борба против вишокот килограми

Магдоносот има многу малку калории, а многу хранливи материи. Тоа придонесува за оптимално функционирање на телото. Благодарение на ензимите и диететските влакна, магдоносот го стимулираат метаболизмот, а диуретичното дејство помага во ослободувањето на организмот од вишокот на течности. Сето ова помага во процесите за регулирање на телесната тежина и за ослободување од вишикот течности, килограми и надуеност.

Магдонос за здрави коски

Големите количини на витамин К и калциум во составот на магдоносот, влијаат позитивно врз здравјето на коските. Тоа помага во спречување на појава на остеопороза и намалување на ризикот од фрактури на коските. Внесувањето на витамин К помага во апсорпцијата на калциумот во организмот, кој е исклучително важен за здравјето на коските.

Магдонос и дијабетес

Магдоносот е еден од најдобрите извори на мирицетин, кој се користи за спречување и лекување на дијабетес. Магдоносот традиционално се користи како лек за дијабетес во Турција. Истражувањата покажуваат дека мирицетинот може да го намали нивото на шеќер во кр-вта и отпорноста на инсулинот. Други истражувања покажале дека мирицетинот може да го намали ризикот за развој на дијабетс тип 2.

Лековит е и коренот

Коренот од магдоност може да се консумира варен, сиров или печен. Се подготвува слично како и друг тип на зеленчук (морков, цвекло), па може да се користи и како нивна замена. Можете да го додавате во супи или сосови. Сувиот корен има интензивен вкус, но може да се додава и во салати.

Во исхраната

Освен сок и чај од магдонос, постојат бројни јадења во кои може да се додаде магдонос, како што се јадења со компир, ориз, сос од домати, готвени јадења со месо, јајца и друго.

Прекумерена консумација на чај од магдонос може да предизвика чувствителност на сончеви зраци, кои можат да доведат до појава на осип. Освен тоа, кај некои луѓе магдоносот може да предизвика алергиски реакции.

ЛЕКОВИТИ МЕШАВИНИ

За отечени и воспалени очи

Во 300 мл вода варете две лажици ситно исечкан лист од магдонос 2 до 3 минути. Кога ќе се излади, процедете го низ стерилна газа. Со добиениот чај плакнете ги очите неколку пати на ден, а во текот на ноќта ставајте облоги. За облоги потребни ви се неколку листови од магдонос, кои претходно добро треба да се измијат. Ставете ги листовите магдонос на очи, ставете газа и така спијте во темна просторија.

За зголемено мокрење

Измешајте корен, лист и семе, па сè заедно ситно исечкајте за да добиете 5 супени лажици смеса. Добиената смеса варете ја 5 минути во половина литар вода. Потоа, оставете го чајот да стои 20 минути, процедете и пијте по 1 шолја 3 пати на ден. Овој чај истовремено елими-нира застој на урина и отеченост на нозете.