Со само 1 кесичка ја светнувам рерната…Со години докажан начин за чистење, без рибање…Општо познато е дека чистењето на рерната за многумина е напорна работа. Со овој рецепт, тоа е минато…Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1/2 лимон
1 кесичка прашок за печиво
силиконски сунѓер за миење садови
ПОСТАПКА:
1.Исцедете половина или цел лимон во некој помал, длабок сад.
2.Сипете го прашокот за печиво и промешајте. Смесата ќе запени.
3.Во оваа течност натопете го сунѓерот и премачкјате ја целата рерна, вклучително и вратата. Нежно протријте и оставете неколку минути да делува.
4.На крај само пребришете со влажна крпа, а потоа со сува…
Ако во рерната има тврдокорна масни дамки кои тешко излегуваат, можеби најдобро би било пред чистењето да се направи омекнување на истите, а тоа се прави на следниот начин:
Во еден огноотпоред сад сипете вода и во неа растворете прашок за перење алишта или таблета за машинско перење садови.
Вклучете ја рерната на 120 степени и оставете најмалку половина час без да ја отворате вратата. Потоа исчистете ја рерната, ќе забележите дека сета нечистотија многу лесно се отстранува. Видеото погледнете го ОВДЕ.