Организмот е чудесен и поседува моќи за самоисцелување и себерегенерација, но само кога е во склад со природата. За жал, денес брзото темпо на живеење ја нарушува хармонијата на организмот и телото започнува забрзано да старее.
Сепак, во природата секогаш може да се најде нешто што ќе го исцели организмот и ќе го врати во рамнотежа. Постои природен лек кој го освежува целиот организам до клеточно ниво и тоа во рок од само неколку дена, а многу лесно се приготвува.
Мешавината од лук, мед и лимон потекнува од тибетанската народна медицина и е позната како природен еликсир кој успешно го успорува процесот на стареење. Со оглед на тоа што наведените состојки се лесно достапни, а воедно и здрави, вреди да се испроба.
Потребни состојки:
10 главици лук
10 лимони – сок
1 кг домашен мед
Постапка:
Ситно исечкајте 10 главици лук. Можеби ќе ви се види многу, но верувајте, ќе ви се исплати! Сечканиот лук измешајте го со 1 кг природен мед, па додадете и сок од 10 лимони. Добро промешајте, а смесата складирајте ја во поголема стаклена тегла, поклопете и оставете да отстои 8-10 денови.
Употреба: По една лажичка од овој природен еликсир двапати дневно, наутро на празен стомак и навечер, 20 минути пред последниот оброк.