Нема човек што не ги сака питите во солена или слатка варијанта. Питата е јадење кое се правело со векови. Но, тајната на совршена домашна пита не е во корите. Убава и вкусна пита може да се направи и со готови кори.

Тајната всушност е во совршениот прелив…Се приготвува од само неколку состојки, а на корите им ја дава потребната мекост, но и крцкавост. Како можете да го направите овој прелив ви откриваме во продолжение на текстот.

Потребни состојки: 7 лажици брашно, 1 сув квасец, 2 шолји млеко, 1 шолја масло, сол или шеќер во зависност од типот на питата којашто ја правите

Постапка: сите состојки едноставно измешајте ги во еден сад, додека да добиете еднолична смеса. Кога правите пита од готови кори, солена или слатка, секоја кора премачкајте ја со овој прелив а потоа филувајте ја на вообичаен начин.

Остатокот од преливот што ќе ви остане едноставно прелијте го преку питата и пред печење оставете да отстои час ипол, за да може добро да го впијат корите.

Со овој прелив питата секогаш е убава, воздушеста и компактна. Ќе ви откриеме уште еден рецепт кој за многумина е непознат: од корите за пита може да се направи многу вкусен чипс:

КРЦКАВ ЧИПС ОД КОРИ ЗА ПИТА:

Крцкав чипс од готово тесто за пита, печен во рерна. Сервиран со сос по желба, може да биде навистина многу вкусна закуска, особено ако додадете некој зачин по вкус или приготвите домашен сос.

Потребни состојки: 4 готови кори за пита, 1 лажица путер, 1 лажичка масло, 70-100 г рендан тврд кашкавал, како на пример пармезан, сол, шарен пипер или зачини по ваш вкус

Постапка: растопете го путерот со маслото. Раширете го тестото/кората за пита. Премачкјате ја по цела површина со растопениот путер и наросете со рендан кашкавал. Поклопете со втора кора и повторете ја постапката.

Една врз друга треба да наредите четири кори, на истиот начин, премачкувајќи со растопениот путер и наросувајќи пармезан или некој друг тврд кашкавал. Последната кора само премачкјате ја со путерот и наросете со сол и свежо мелен пипер.

Исечете ги корите на коцкички со ребрасто ноже или какво имате, а може да сечете и триаголничиња или правоалголничиња или форма по ваша желба. Најдобро е парчињата да имаат величина на оние на чипсот.

Наредете ги во плех обложен со хартија, па ставете да се печат во загреана рерна на 180 степени на средната висина, околу 6-10 минути. Мора да внимавате, секој пече според јачината на својата рерна.

Внимавајте да не ви изгорат, а штом заруменат малку и станат крцкави, готови се. Сервирајте ги со кисела павлака или кисело млеко, но може да ги послужите со било каков сос. Многу се вкусни. / Муцика / Сооlinarika.com