„Ова ми го спаси животот, толку многу кашлав што ќерка ми ја будев од горниот кат!“ Фото и рецепт: Коцовиќ Маријана
„Сакам со вас да го споделам овој лек кој е многу здрав и ефикасен, делува веднаш за неколку дена, барем кај мене беше така… Јас со години кашлав, толку силно и напорно што си мислев дека дробовите ќе си ги искашлам.
Пробував сè и сешто, секакви сирупи и таблети, ама ништо не ми помагаше. Само кога ќе се вратев во нашата земја никогаш не кашлав.
Инаку живеам во Холандија, а оваа земја е полна со влага, па затоа штом стигнам дома, веднаш почнува кашлицата повеќе од нормално.
За среќа, летоска најдов добар рецепт кој ми го даде една баба и можам да ви кажам дека ми го спаси животот.
Ќе ви го кажам рецептот кој многу лесно се приготвува а здрав е за сè. Јас лекот го приготвувам во помали дози и како го потрошувам си правам нова доза.
Напоменувам, ова е мое лично искуство, но можеби ќе му помогне и на некој друг со ист проблем како мојот…Еве што ви е потребно:
Потребни состојки:
5 чешниња лук
5 лажици мед
1 лажица цимет
постапка:
Лукот се лупи и се гмечи, па се меша со медот и циметот. Се затвора во теглата и се чува во фрижидер. Ова е мала доза, а кој сака може да ја зголеми по истите мерки.
Секое утро на гладно консумирам по една супена лажица. Пред употреба мора убаво да се промеша затоа што лукот испливува на површина.
Веќе месец дена го користам и толку сум среќна што не кашлам, чувствувам како повторно да сум се родила. Ова ми го спаси животот, толку многу кашлав што ќерка ми ја будев од горниот кат. Сега никој не може да поверува дека веќе не кашлам.
Затоа од срце посакувам на сите да им помогнам што имаат сличен проблем.
Споделете го овој рецепт, ова е здраво за целиот наш организам“, вели Маријана.
НАПОМЕНА: Текстот е информативен и се базира на лично искуство. Пред примена на препарати од народната медицина секој треба да се советува со својот лекар.
Фото и рецепт: Коцовиќ Маријана