Потребни состојки:

100 мл јаболкова киселина

400 мл вода

Постапка:

Во едно шише од половина литар која горе има „цуцла“ ставете 100 мл јаболкова киселина и потоа долејте топла вода.

Кога ќе ја измиете косата вообичаено, земете ја оваа мешавина со оцетот и полека излевајте на косата.

Можеби првиот пат малку ќе ве пецка (мене дури и ми влезе во очи) но ништо страшно.

Масирајте го скалпот и потоа малку со тушот исплакнете ја косата за да „мириса“ на оцет.

И тоа е тоа. Исто така, овој раствор може да го користат и оние што имаат проблематично лице. Земете парче памук, натопете го со растворот и поминете го лицето. Резултатите се гледаат истиот ден.

На сите им се познати лековитите својства на јаболковата киселина, но сепак последно кон него посегаме откако ќе ги испробаме сите скапи креми и потрошиме еден куп пари. А всушност, сите најдобри лекови се „народните лекови“.