Чоколаден десерт со овесни снегулки и банана за здраво срце и дигестивно здравје
Овој вкусен и лесен за подготовка десерт не само што е вистинско уживање за непцето, туку е и богат со хранливи состојки кои го поддржуваат вашето здравје.
Благодарение на овесните снегулки, полни со диетални влакна, овој десерт промовира здраво варење и придонесува за здравјето на срцето.
Бананите, од друга страна, се одличен извор на калиум, кој помага во регулирање на крвниот притисок и поддршка на мускулната функција, пишува НМД.
Какаото додава антиоксиданси кои го штитат организмот од оксидативен стрес. Совршен за појадок или како здрав десерт, овој рецепт е едноставен, хранлив и неодолив!
Потребни состојки:
– 150 мл врело млеко
– 70 г овесни снегулки
– 1 банана
– 1 јајце
– 20 г какао во прав
– 0,5 лажичка прашок за печиво
– 2 лажици шеќер (по желба)
– Малку растително масло (за подмачкување)
– 80 г чоколадо (за глазура)
– 60 г топла слатка павлака (за глазура)
– НМД
Постапка:
1. Во сад, прелијте ги овесните снегулки со врело млеко и оставете ги да отстојат неколку минути за да омекнат.
2. Во друг сад, изгмечете ја бананата со виљушка до конзистенција на пире.
3. Додајте го јајцето, какаото во прав, прашокот за печиво и, по желба, шеќерот. Добро измешајте ги состојките.
4. Во смесата со банана, додајте ги набабрените овесни снегулки и мешајте додека да добиете хомогена смеса.
5. Подмачкајте мал сад за печење со растително масло и истурете ја подготвената смеса.
6. Печете во загреана рерна на 180°C околу 30-35 минути или додека десертот да се стегне.
7. За глазурата, растопете го чоколадото на пареа или во микробранова печка, па измешајте го со топлата слатка павлака до мазна смеса.
8. Прелијте го десертот со чоколадната глазура и оставете го да се лади во фрижидер најмалку 1 час.
9. Послужете го десертот ладен и уживајте во неговиот богат вкус!
Добар апетит! Постапката со деталите можете да ја погледнете во видео прилогот ОВДЕ: