Оваа пита се прави од 1 кг компир, многу е вкусна и неспоредлива со секоја друга пита што сум ја пробала, што се прави набрзинка. Кога ќе ја направам, детето и сопругот не јадат ништо друго по цел ден и сум раат, да не мислам на појадок и вечера.
Питата е многу слична на едноставна варијанта на мусака. Само се редат компирите, а наместо мелено месо се става зеленчук. Се додава малку сувомеснато за вкус, како шунка, сланина или што имате во фрижидер. Ако ја правите посна, изоставете го сувомеснатото. Еве што ви е потребно за да ја направите:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг компири, 2 моркови, 1 јајце, 3 големи лажици пармезан или некој друг рендан кашкавал, 100 г шунка или некое друго сувомеснато (може и сланина), 2 главици кромид, 2 чешниња лук, 8-10 шери домати, 1 пиперка, малку магдонос, лебни трошки, сол, црн пипер и масло.
ПОСТАПКА: Компирите добро измијте ги под млаз ладна вода, излупете ги и уште еднаш исплакнете ги. На овој начин ќе бидете сигурни дека компирот е целосно чист и измиен од нечистотии или сpeдствата кои се ставаат пpoтив ‘pтење. Секој компир се сече на половина и се трга настрана.
Морковите се лупат, па се сечат на половина и се ставаат заедно со компирите во едно поголемо тенџере. Залијте со вода додека да се прелијат зеленчуците и вклучете ја ринглата да се зготват. Посолете по вкус. Варете го зеленчукот додека компирите и морковите да омекнат, во времетраење од 20-30 минути.
Во меѓувреме, ситно се сечкаат чешнињата лук, па 2 главици кромид се сечкаат на средни парчиња. Во тавче со малку масло се пржат кромидот и лукот неколку минути додека да ја испуштат својата превкусна арома. Пиперката се сече на парчиња, исто така со средна големина.
Шери доматите се сечат на половина со ocтap нож, за да не се pacпаднат и да станат кашести. Во пропржениот кромид се додава пиперката и доматите, се посолува и се додава црн пипер, па се остава да се крчка на тивко додека да испарат течностите.
Магдоносот се сечка на ситно и се додава отпосле откога ќе се пропржат зеленчуците. Варениот морков и компирите се пасираат во пире со задниот дел од виљушка или специјална алатка за пире-пасирка.
Во пирето се додава 1 јајце, па се зачинува со сол и црн пипер. Смесата се меша додека јајцето подеднакво да се распореди. Во пирето се додаваат 3 големи лажици пармезан и се додава уште малку масло, па сето се соединува. Наместо пармезан, може да изрендате кашкавал и него да го додадете во смесата.
Во еден огноотпорен сад се става малку маслиново масло и насекаде се распоредува со четкичка. Врз маслото се редат лебни трошки да се залепат на него, па потоа се става половина од пирето и убаво се натапкува со лажица за да се израмни како кора. Врз пирето се редат неколку парчиња шунка или сувомеснато по ваша желба (вкусно е и со сланина).
Врз месото се става пропржениот зеленчук, се распоредува, па на крајот се завршува со другата половина од пирето (компир и морков). Пирето се распоредува низ целата тепсија со рака и малку се намастува одозгора со маслиново масло. Пред да се стави на печење се наросува уште малку лебни трошки и уште малку масло.
Питата се пече во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 35 минути, во зависност од рерната. По печењето се остава малку да се олади, па се сече и се послужува. Многу вкусно и здраво! Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото ОВДЕ.