Со оваа мaгична течност цвеќето ќе биде бујно исто како на фотографијата….Било кое саксиско цвеќе повремено треба да се прихранува, особено во вегетативниот период и во периодот на цветање.
Да се предизвика зголемен раст и цветање кај наjбезнадежните билки, ќе ви помогне обичниот квасец.
Фитохормоните, витамините од група Б и растителните хормони – ауксини кои се наоѓаат во квасецот, активно ја cтимулираат делбата на клетките и раст на билките. Прихрана од овој вид користат професионални одгледувачи на билки.
Благодарение на ваквата прихрана, нагло се зголемува активноста на микроорганизмите во земјата, се зголемува јаглендиоксидот, микро и макроелементите, што има особено благотворно дејство врз кореновиот систем и надворешниот изглед на самата билка.
Значи, ако сакате вашите билки да бидат здрави и да цветаат долго и богато, можете да приготвите раствор за нивно прихранување.
Потребни состојки:
10 г свеж квасец
1 мало лажиче шеќер
1 литар топла вода
Постапка:
1.Растворете го квасецот во млака вода, додајте шеќер и промешајте.
2.Оставете да отстои минимум два часа.
3.Со овој раствор полевајте го цвеќето двапати месечно во есенско-зимскиот период и еднаш во десет дена во пролетно-летниот.
Ќе забележите како листовите стануваат позелени, а цветањето станува побујно и побогато.