ЛЕЌА

​Дали знаевте дека е многу здрава и корисна намирница која треба редовно да ја вклучите во вашата диета?

Веќе одамна се познати нејзините лековити својства за решавање на бројни здравствени проблеми.

Бидејќи ја подобрува меморијата и концентрацијата, леќата уште се смета за иделана храна за мозокот.

Народната медицина ја препорачува за лекување на ревматизам, глауком и дијабетес.

Чајот направен од цветови од леќа имаат лековити ефекти врз респираторниот систем, а мешавината од ливчиња и цветови се користат за лекување на атеросклероза и крвни садови.

Леќата ги намалува штетните ефекти од радијација, хемотерапија и напорната ментална работа.

Помага при кардиоваскуларни болести, особено го намалува високиот крвен притисок и помага при дигестивни проблеми.

Ако сакате да си направите пилинг или маска за лице, сомелете леќа во прав. Освен во козметички цели, оваа маска се користи и за третман на егзема и други кожни болести.

Во споредба со другите мешунки, леќата содржи многу помалку калории, а богата е со протеини, амино киселини, железо, магнезиум, калиум, фосфор, јод, Б1, Б2 и П.

Леќата е диетален продукт. Нутриционистите често ја препорачуваат за луѓе кои боледуваат од анемија, хипертензија и болести на црниот дроб.

За само две седмици со примена на оваа диета, можете да ослабете 14 кг, а истовремено ќе го прочистите вашето тело и ќе го подобрите дигестивниот систем.

РЕЦЕПТ

Една чаша леќа прелијте со 1 ½ чаша врела вода. Поклопете и оставете преку ноќ. Не се вари!

Можете да направите 2,3,4.. чаши леќа.

-Дозволено е да јадете леќа колку што сакате , но само без зачини (дозволено е само соја сос).

-Во текот на денот може да испиете 1 литар обезмастен јогурт или уште подобро кефир.

-најмалку 1 ½ литар вода

-најмногу 2 кафиња без шеќер

-последниот оброк да биде најмалку 4 часа пред спиење.

-како и кај другите диети, се препорачува консумирање на мултивитамини.

-дозволено е да се јаде свежо овошје и зеленчук (без сол).

Со оваа диета нема да бидете изгладнети.

-Кога ќе заврши диетата, ќе слабеете и следните 3-4 дена, па тогаш направете го конечното мерење.