Со малку УРДА и 1 ЈАЈЦЕ ги правам највкусните ПАНЦЕРОТИ…Без чекање, брзо се готови…Одличен појадок или вечера…Еве што ви е потребно:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:
1 јајце
300 мл течен јогурт
1 мала лажичка сол
20 мл маслиново масло
500 г брашно
1/2 лажичка прашок за печиво или сода бикарбона

За фил помешајте:
250 г рикота или урда
1 јајце
сол по вкус

ПОСТАПКА:

1.Во подлабок сад измешајте ги течните состојки, а во друг сад брашното со сувите состојки, па замесете меко тесто кое не се лепи за рака. Оставете го покриено 5 минути за да се отпушти.

2.Истресете го на набрашнета површина и поделете го на 13 топчиња. Секое топче развлечете го во тенка кора, на едната страна ставете фил, преклопете и притиснете со прстите да се затвори.

3.Во широка тава загрејте 1-2 см масло, па пржете ги панцеротите на умерена температура додека да заруменат од двете страни. Вадете ги врз хартиена салветка и послужете ги топли или ладни, секако се вкусни.

Можете да ги печете во рерна врз хартија малку намастена и панцеротите премачкани со масло, во загреана рерна на 220 степени, приближно 20-тина минути. Постапката погледнете ја ОВДЕ.

https://youtu.be/RObzol1UMX8?si=CO_nfsLnbmTKOksm