Денес прочитајте го популарниот рецепт на жената која успеала да си ја излекува долгогодишната анемија со природен лек, направен од многу едноставни и лесно достапни состојки, но многу моќни во комбинација.

Ова е т.н. витаминска “бомба”, докажано добар и проверен рецепт за зголемување на хемоглобинот, подигање на бројот на крвните зрнца и подобрување на општата крвна слика.

Потребни состојки:

200 мл мед
200 г ореви (може и микс од бадеми, лешници и ореви)
200 г суво грозје
200 мл сок од морков
200 мл сок од цвекло
50-100 г мелено семе од коприва
2 лимони, по можност органски

постапка:

Измијте ги лимоните, пресечете ги и извадете им ги семките. Малку подмрзнете ги за полесно да се сомелат. Доколку не се органски, тогаш излупете ја лушпата.

Мелениот лимон измешајте го со останатите состојки. Промешајте.

Се добива околу 1 кг вкусна и многу здрава лековита смеса. Се чува во стаклена тегла во фрижидер. Пред консумација промешајте.

Употреба: Трипати дневно по 1 лажичка, пред јадење.