Сите оние што имаат проблем со несакани влакненца на лицето, се во постојана потрага по ефикасен лек и третман кој ќе ги ослободи од овој проблем.

Постојат разни хемиски препарати за таа намена, кои за жал, нанесуваат повеќе штета отколку што помагаат.

Затоа, многу подобро е да ги пробате природните методи. Всушност, постои еден многу едноставен начин, а кој се покажал како многу ефикасен за ослободување од влакненцата без никаков проблем.

Смесата можете да ја применувате било каде на телото, на најдобар ефект има на малите влакненца на лицето.

Потребни состојки:

1 домат

1 лажичка говедски желатин

1 лажица млеко

Постапка:

Доматот се мие, се пере и се чисти, а потоа се сече што поситно или се меле за да излезе што повеќе сок. Се процедува.

Потоа додадете ги останатите две состојки, па промешајте.

Добиената смеса нанесете ја делови од лицето од каде сакате да ги отстраните влакненцата и оставете да отстои 10-тина минути.

Потоа измијте се и избришете се. Веднаш ќе забележите дека голем дел од влакненцата исчезнале и сигурно ќе бидете задоволни со резултатите.