Во периоди кога владеат настинки и вирози, најважно е да се зајакне организмот. Доколку сакате вашиот имунитет да го зајакнете на максимум, а притоа и да ја подобрите кр-вната слика, тогаш овој напиток е одлично решение.
Лесно се приготвува, а го закрепнува целото тело и ја враќа енергијата. За да го приготвите ќе ви бидат потребни следните состојки: цвекло (може да биде малку подварено или сирово), зелено јаболко, морков, лимон и ѓумбир.
Количините сами одредете ги според тоа кој вкус сакате да ви преовладува. Приближно се земаат сите намирници во еднаков однос, а на една чаша се додава една лажичка рендан корен од ѓумбир. Доколку ви излезе многу густ сокот, истиот можете да го разредите со малку вода.
Постапка: Цвеклото убаво измијте го, излупете го и исечете го на помали парчиња, доволни за да ги собере во соковникот или блендерот. Морковите исто така измијте ги и излупете ги, па потреба пресечете ги на половини или четвртини.
Лимонот доколку е органски само измијте го добро, исечете го заедно со кората и отстранете ги семките, а доколку сте го купиле, тогаш истретирајте го половина час во раствор со сода бикарбона и јаболкова киселина, или едноставно излупете го и отстранете ги семките.
За јаболката важи истото како и за лимонот. Доколку се купечки и прскани, тогаш после миењето задолжително излупете ги и отстранете ги семките. За крај отсечете мало парче ѓумбиров свеж корен, излупете го и изрендајте го или целото парче додадете го останатите намирници.
Откако сите продукти вака ќе ги приготвите, може да започнете со приготвување на напитокот. Ставете ги сите во блендер или соковник и добро измиксајте ги или исцедете ги додека да добиете изедначен темно црвен сок чијшто освежителен мирис веднаш ќе го почувствувате.
Вашиот енергетски напиток е подготвен. Доволно е да испиете една ваква чаша за да ве наполни со потребни витамини и минерали кои ќе ве одржуваат во текот на целиот ден. Важно е да запамтите дека овој сок треба да го испиете на неколку наврати, полека, а не одеднаш.
Исто така, најдобро е да го пиете наутро на гладен стомак, за полесно да се апсорбираат сите хранливи материи. Доколку имате било какви мачнини со чувствителен стомак, тогаш пијте го сокот помеѓу оброци, но никогаш непосредно пред или после оброк.
Овој сок содржи антиоксиданти кои имаат противвоспалително дејство, а претставува вистинска витаминска бом-ба која поволно делува на имунитетот. Се бори против симптомите на настинка и грип, како и други здравствени состојби.
Благодарение на цвеклото, овој напиток е богат со железо, па им се препорачува на луѓе кои патат од анемија или ревматоиден артритис. Со една чаша дневно од овој напиток ќе внесете калиум, витамин А, витамин Ц, потоа Б6 и Б9, како и други здрави состојки кои го јакнат имунитет.