Веројатно не сум единствена, па затоа и се одлучив оваа моја „тајна“ диета да ја споделам со вас, па можеби некому ќе му помогнам да си го реши својот проблем, како што јас го решив мојот.
После целосната опуштеност и недостиг на физичка активност за време на пандемијата, не е ниту изненадување што моите омилени фармерки одеднаш почнаа да ме стегаат и кои едвај ги закопчувам.
Наместо да почнам да дигам паники, јас веднаш ја започнав мојата омилена испрбана диета со јогурт и цвекло. Порано се случуваше некогаш за три дена да намалам пет килограми и секогаш посегнувам по неа кога ќе почувствувам дека струкот ми се зголемил.
Да, свесна сум дека екстремното гладување не е добро – но резултатот верувајте дека навистина се исплати. Она што ми дава волја да издржам – е секако резултатот кој го очекувам по завршетокот на тие три дена. Инаку, „чуму“ малтретирањето ако нема резултати?
ИСХРАНА СО ЈОГУРТ И ЦВЕКЛО. Врз основа на личното искуство, можам да ви кажам дека најдобри резултати се постигнуваат со тридневна исхрана, ниту повеќе ниту помалку. Повеќе не се ни препорачува, ова се максималните денови.
Сепак, треба да знаете дека вашето дневно мени во секој од овие три дена ќе содржи само: 1 кг цвекло, 1,5 литар јогурт со ниска масленост (најдобро кефир, и тоа домашно приготвен) и 1,5-2 литри вода.
Со овој начин на исхрана во текот на овие три дена доаѓа до нежно чистење на цревата, се врши детоксикација, забрзување на метаболизмот и брзо губење на килограмите. Во зависност од организмот, полот и возраста, може да се изгу-бат од 3 до 7 килограми.
Со текот на годините овој коктел од цвекло и јогурт стана мојот омилен. Првиот ден го започнувам со него, но и третиот ден завршувам со него, по што бројките на вагата навистина ме прават пресреќна. Еве како го приготвувам:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 150 г цвекло, 350 мл јогурт/кефир, 1-2 лажици лимонов сок. ПОСТАПКА: Измијте го добро цвеклото, па варете го додека да омекне. Можете исто така, да го завиткате во алу-фолија и да го испечете, а потоа да го излупите и изрендате.
Во цвеклото додајте јогурт/кефир и лимонов сок. Помешајте и јадете. Распоредете ги порциите во текот на денот како што вам ви одговара. Исто така, смесата можете да ја изблендирате и да ја јадете како каша или да го пиете како напиток со додаток од неколку коцки мраз.
После три дена ваква исхрана не брзајте да се вратите веднаш на старата исхрана. Постепено додавајте производи за да се навикне вашиот желудник и црева. започнете со варен зеленчук, варена риба и немасно месо, повеќе овошје.
Важно е да се запамти дека оваа диета е погодна само за здрави лица. Доколку имате проблем со црниот дроб, стомакот или бубрезите, одберете некој друг начин на исхрана во конcyлтација со вашиот лекар или стручно лице-нутриционист.