Со 2 јајца и 2 компири правам цел куп! Откако го научив овој лесен рецепт, секој ден си ги имаме за појадок…Прсти да излижеш! Многу едноставно и брзо, пробајте и вие. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
2 компири
10-12 тост-лепчиња
50 г рендан кашкавал (чедар)
2 јајца
1 1/2 чаша лебни трошки
1 лажичка сол
1 лажичка црн пипер
ПОСТАПКА:
1.Компирите сварете ги и испасирајте како пире. Зачинете го по вкус.
2.Од лепчињата исечете ја кората, а потоа секое лепче истенчете го со оклагија.
3.На секое лепче намачкајте по една лажица пире и ставете рендан кашкавал.
4.Преклопете како триаголник.
5.Со нож израмнете ги страните ако е потребно за да бидат рамни, па со виљушка притиснете за да се залепат.
6.Приготвените триаголници потопете ги прво во изматени јајца, а потоа во лебни трошки.
7.Пржете ги масло загреано на умерен оган додека да добијат убава златна боја.
8.Послужете ги топли со чаша јогурт или кисело млеко. Постапката погледнете ја ОВДЕ.