Сара Прeнгл ја пронашла својата ќерка како црта со црн маркер на кремаст тепих и знаејќи дека овие дамки тешко ќе се отстранат, се обратила за совет во групата на Фејсбук „Cleaning Hacks, Tips & Recommendations“.




Нејзината објава собрала многу коментари од мајки кои имале слични искуства со нивните деца, а Сара добила многу совети да се обиде да ги отстрани дамките со паста за заби, дезодоранс, лак за коса или ацетон.




На крајот, и покрај бројните идеи, таа ги одбила сите и решила да проба еден свој метод. Имено, таа земала крпа и ја натопила во вотка и го протрила тепихот, а дамките од маркерот исчезнале за миг.




Подоцна таа повторно се обратила во групата велејќи: „Девојки, благодарам за коментарите, но јас се одлучив за вотка, многу едноставен и ефикасен метод“, напишала Сара и ги споделила резултатите во групата.




А може да го примените и следниов метод: Минимум еднаш годишно, теписите во секое домаќинство мораат да бидат исчистени, бидејќи тие можат да бидат извонредно складиште за бактерии, алергени, прашина и други нечистотии.




Во секој град постојат служби кои оваа работа ќе ја завршат наместо вас, но, оние кои немаат доволно финансиски средства да си го дозволат сервисот, можат да се обидат и сами дома да ја завршат работата.




Општо е мислењето дека доколку тепихот не се помине со вода и некакво средство за чистење, тој нема да биде сјаен, односно нечистотијата ќе остане. Со постапката која ќе ви ја предложиме, тепихот ќе ја врати својата мекост, ќе се отстранат дамките и нечистотијата, дури и оние постарите, а боите ќе сјаат како кога бил нов!




Постапка: Тепихот најпрво всмукајте го со правосмукалка. Потоа, чиста памучна крпа навлажнете ја со оцет. Со крпата пребришете го целиот тепих. Навлажнете со вода друга чиста крпа, а потоа врз неа нанесете сода бикарбона.




Повторно и со втората крпа пребришете го тепихот. Сега оставете вака да отстои 20-25 минути. Тепихот повторно всмукајте го со правосмукалка. Тоа е тоа, вашиот тепих ќе засјае, а ќе бидат отстранети дури и молците и другите штет-ници кои не се видливи со голо око.




III МЕТОД. А за чистење и отстранување на гребнатинките од мебел може да ја примените следнава мешавина. Мешавина од маслиново масло и оцет. Оваа мешавина многу лесно се приготвува во домашни услови. Ќе ви бидат потребни една четвртина чаша бел оцет 9% и три четвртини чаша маслиново масло.




Добро протресете ја содржината (најдобро во тегла со капак или шише), па со приготвениот раствор треба да се пребришат сите гребаници и оште-тени делови, па откако ќе се исуши да се исполира со сува памучна крпа.