Фото и рецепт: Тања
За сите љубители на сникерс вкусот, овие точиња многу ќе им се допаднат!
Потребни состојки:
300 г шеќер
100 мл вода
125 г маргарин
200 г мелени бисквити
200 г мелени бисквити
и уште:
100 г чоколадо
20 г маргарин
3 лажици масло
200 г сечкани кикирики
Постапка:
Сварете го шеќерот со водата, па додека е врел сирупот додадете го маргаринот.
Мешајте за да се растопи, па потоа додадете ги бисквитите и кикириките. Оставете ја смесата да излади.
Од изладената смеса правете топчиња со големина по ваш избор. Потоа натопувајте ги во глазурата од чоколадо, а веднаш потоа во кикириките.
За глазура: Чоколадото со маргаринот и маслото растопете ги на многу тивка температура или на пареа и мешајте додека да се растопат и изедначат состојките.
Фото и рецепт: Тања