Прекрасен десерт, лесно се прави, се топи во уста…

Потребни состојки:

1 литар млеко
300 г шеќер
30 г мелен желатин
5 шлаг пени
Кокосово брашно

Постапка:

Желатинот натопете го 14 лажици вода и оставете да набубри.

Во тенџере ставете 1 литар млеко, додадете 300 г шеќер, па ставете го на оган да зоврие. Тргнете го од рингла и додадете го приготвениот желатин.

Во изладеното млеко додадете шлаг пена, па матете со миксер 20 минути.

Приготвената смеса излејте ја во плех и оставете преку ноќ во фрижидер да се стегне.

Стврдната смеса исечкајте ја на коцки со величина по ваш избор, валкајте во кокос и украсете по желба.