Спанаќот се смета за еден од најздравите зеленчуци. Во нашата традиционална кујна спанаќот е застапен во различни рецепти и салати. Спанаќот е многу богат со низа микронутриенти, витамини, минерали, па и растителни влакна.

Од друга страна има доста ниска калориска вредност. Ова го прави спанаќот храна со висока нутритивна густина. Во само 30 г спанаќ се содржат: 7 калории, јаглехидрати, протеини, малку масти, диететски влакна, витамини К, А, Б9, Ц, манган, магнезиум и железо.

Спанаќот содржи помали количества и на калциум, цинк, селен, бакар, фосфор, витамин В6 и витамин Е. Термички подготвениот спанаќ содржи неколку компоненти во поголема концентрација отколку свежиот, исто како и морковот. Сварениот спанаќ содржи повеќе протеини, растителни влакна и повеќе витамин К и А.

Сепак, присуството на оксална киселина делува инхибирачки на апсорпцијата на калциум и железото, па спанаќот спаѓа во храна која е помалку биоактивна во однос на нив. Оксалната киселина тоа го прави преку врзувањето на дел од присутните железо и калциум.

Moже да делува на намалување на растот на малигните клетки

Во едно истражување на лабораториски глувци со тумор на дебелото црево, консумирањето на сок од спанаќ во текот на две недели, предизвикало намалување на волуменот на канцерогеното ткиво за 56%.

Јадењето на зелени лиснести зеленчуци може да го намали ризикот од рак на бели дробови, простата, дојка и колоректални канцери. За ваквото дејство се смета дека се одговорни антиоксидативните својства на компонентите на спанаќот.

Антиоксидантите како неоксантин и виолаксантин може да го намалат оксидативниот стрес и оштетувањето на ДНК и на тој начин да ги заштитат клетките од несакани канцерогени мутации.

Спанаќот може да помогне во превенцијата од кардиоваскуларни заболувања

Благодарение на антиоксидативниот состав, спанаќот може да го ограничи хроничното воспаление во телото, што е еден од главните ризик фактори за развој на к оронарни срцеви заболувања.

Студиите покажуваат дека спанаќот може да го заштити здравјето на срцето преку потткинување на создавањето азотна киселина, која ја подобрува циркулацијата, го намалува кр-вниот притисок и го подобрува здравјето на кр-вните садови.

На овој начин се намалува зголеменото количество на холестеролот и служи за превенција од артериосклероза. Спанаќот е богат и со специфични каротеноиди кои исто така се поврзуваат со намалувањето на хроничнато воспаление и хроничните болести.

Го зајакнува имунолошкиот систем

Ваквото дејство на спанаќот се должи пред сè на високата содржина на витамин А и витамин Ц. Овие два антиоксидативни витамина се сметаат за особено значајни за зајакнување и одржување на здрав и силен имунитет.

Спанаќот може да придонесе за стабилизирање на шеќерот во кр-вта

Спанаќот содржи компоненти наречени фитоекдистероиди. Во научните студии, стероидите покажуваат стимулирачко дејство на катаболизмот на глукозата, со што го одржуваат стабилно нејзиното ниво во кр-вта. Ова е многу значајно за луѓето кои се во потенцијалната ризична група на предијабетна состојба, дијабетес и други форми на метаболитички синдром.

Помага во одржувањето на здравјето на очите

Ваквото својство се должи, пред сè на високата концентрација на витаминот А. Овој витамин е особено значаен за зачувавање на здравјето на ретината, мрежницата и рожницата.

Другите две каротеноидни компоненти кои се исто така значајни за видот, а ги содржи спанаќот се зеаксантинот и лутеинот. Овие антиоксиданти особено се значајни во превенцијата од очни заболувања поврзани со возраста како макуларната дегенерација.

Спанаќот ги зајакнува коските и ја намалува нивната кршливост

Спанаќот е еден од најбогатите извори на витамин К. Овој витамин е есенцијален за метаболизмот на коските. Витаминот К е потребен за здравјето на скелетната структура и може да помогне во превенцијата од остеопороза која е доста честа кај повозрасните луѓе.

Спанаќот е добар извор на магнезиум

Спанаќот е исто така еден од најбогатите природни извори на магнезиум. Магнезиумот е многу значајна компонента за повеќе функции на организмот. Магнезиумот е значаен во метаболизмите на калциум, калиум, натриум. Сите тие, заедно со магнезиумот, играат значајна улога во контролата на невромускулните сигнали и контракцијата на мускулите.

смути од спанаќ

Утринско смути од спанаќ и печурки за детоксикација на организмот

Потребни состојки: 50 г листови спанаќ, 250 мл зовриена вода, четвртина коцка за супа, 70 г цели печурки со дршки.

Постапка: Во тенџере се прелива водата и се остава да зоврие. Потоа додајте ги печурките заедно со четвртина од коцката за супа. Промешајте и оставете супата да се вари 10 минути.

По изминатото време, додајте ги листовите спанаќ, промешајте и оставете супата да се вари уште 5-6 минути. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додека е сè уште топла супата директно ставете ја во блендер со се водата и сите останати состојки.

Изблендирајте ја смесата додека да се соединат сите состојки и да се добие топло смути. По желба додајте прстофат сол, црн пипер или лимонов сок. Консумирање: Пијте го ова смути секое утро на празен стомак. Доколку немате време секојдневно да го подготвувате смутито, пијте го два до три дена.

Напитокот е потребно да се консумира свежо подготвен, бидејќи на овој начин изобилува со лековити својства. Смутито е потребно да се испие додека е сè уште топло за да не ги изгуби лековитите својства. Текстот за НМД.мк го напиша Мартина Христовска