Наберете млади смоквини листови и искористете ги за да го закрепнете целото тело. Доколку боледувате од дијабетес, чир на желудник, бронхитис или мaка мaчите со висок притисок, чајот приготвен од смоквин лист може да биде вистинското решение.

Листовите од смоква изобилуваат со антиоксиданти и влакна. Студија и истражување прочитајте ОВДЕ.

Меѓу другото содржат витамини А, Б1 и Б2, како и минерали како што се калциум, железо, манган, фосфор, калиум и натриум.

Народните лекови ако се применуваат правилно, секогаш се побезбедни од синтетските лекови, а за овој чај од смоквин лист, сите велат дека делува за само неколку недели.

Смоквиниот лист можете и сами да го сушите, само наберете здрави листови, измијте ги, исцедете ги на чиста кујнска крпа, па ставете ги на проветно место и под сенка да се исушат со повремено превртување.

Чајот од смоквин лист го нарекуваат и еликсир на животот, бидејќи изобилува со антиоксиданти и влакна, како и голем број корисни состојки.

Иако плодовите не им се препорачуваат на дијабетичарите поради високото ниво на шеќер, смоквиниот лист е здрав и корисен токму за оваа група луѓе, бидејќи помага во регулацијата на нивото на шеќерот.

Со консумација на овој чај може да се превенира дијабетесот, бидејќи се зголемува функцијата на инсулинот.

Смоквините листови особено се препорачуваат за тегоби со уринарниот и дигестивниот тракт. Чајот помага за намалување на високиот притисок и нивото на триглицеридите, со што дополнително го заштитува срцето и артериите. Бенефити од смоквиниот лист:

-го регулира нивото на шеќерот,
-помага при cлабеење,
-го стабилизира кpвниот притисок,
-ги намалува триглицеридите,
-ги јакне коските,
-помага кај кожни заболувања,
-помага кај анемија,
-ублажува тегоби со чир на желудник,
-спречува опстипација,
-го унапредува здравјето на срцето и кpвните садови,
-помага кај афти.

Како лек се користат листовите од зелената и црната смоква, подеднакво се добри. Освен што од нив можете да приготвувате чај, листовите може да се џвакаат и свежи, што е одлично за чир на желудник.

СУШЕЊЕ НА СМОКВИН ЛИСТ

Доцна напролет, лето или есен може да се берат листовите од смоква. Одберете здрави и цели смоквини листови, откинете ги внимателно и наредете ги убаво распоредени врз чиста површина на која ќе ги сушите.

Се сушат на сенка, на темно и проветно место. Дека се суви листовите, ќе забележите по тоа што се ронат на допир. За побрзо да ги исушите, можете пред сушењето да ги искинете на помали парчиња.

Кога се убаво исушени, смоквините листови издробете ги и складирајте ги во стаклена тегла со капак.

ЧАЈ ОД СМОКВИН ЛИСТ

Во здравствени цели, чајот од смоквин лист се препорачува да се пие приближно еден месец секојдневно.

После еден месец редовно пиење треба да се направи пауза од неколку седмици за да може повторната консумација да има подеднакво силно дејство како и првиот пат.

ПОМОШ КАЈ ДИЈАБЕТЕС

Две лажички суви и издробени смоквини листови прелијте ги со 200 мл зовриена вода. Поклопете ги и оставете го напитокот да отстои 10-15 минути. Потоа процедете го низ цедалка. Секое утро испијте по една чаша чај со појадокот.

ПОМОШ ПРИ ЧИР НА ЖЕЛУДНИК И АФТИ ВО УСНАТА ШУПЛИНА

Секој ден добро соџвакајте по 2 нежни млади смоквини листови, па проголтајте ги. Освен што помага кај чир во желудник и надразнета слузокожа, ќе го освежи вашиот здив и ќе ги ублажи непријатните афти.

ПОМОШ КАЈ БРОНХИТИС

Сварете 3 смоквини листови во вода со малку интегрален шеќер, па испијте ја течноста.

Освен кај дијабетес, чир, афти и бронхитис, чајот се препорачува да се пие и за подобро здравје на срцето, намалување на високиот притисок, и како помош во лекувањето на paк и анемија.

Го прочистува целиот организам и го зајакнува имунолошкиот систем.

СМОКВА ПЛОД

Без разлика дали се свежи или суви, смоквите се богати со многу здрави фитонутриенти, антиоксиданти и витамини. Сочна и слатка смоква е еден од првите плодови во кои уживале нашите антички предци.

Остатоци од смокви стари над 11 000 години се пронајдени на Блискиот исток.

Можно е луѓето да одгледувале смокви пред пченицата, јачменот и мешунките. Освен во нејзината медитеранска татковина, смоквите сега се одгледуваат во многу земји низ светот.

Најраспространетиот и најпопуларниот вид е обичната смоква (лат. Ficus carica).

Може да роди неколку стотици плодови со различна големина и боја, двапати годишно.

Зрелите смокви имаат форма на ѕвонче или круша, со внатрешно сочно месо. Здравствени придобивки – И покрај ниската калорична содржина (само 74 калории на 100 г), смоквите содржат растворливи диетални влакна, минерали и витамини.

Свежите смокви се ценети заради изобилството на антиоксиданти како каротени, танини, лутеин и хлорогена киселина. Покрај тоа, свежите смокви содржат големи количини на антиоксидантни витамини како витамини А, Е и К.

Антиоксидансите нè штитат од слободните радикали чии деcтруктивни ефекти можат да доведат до предвремено стареење, деменција, срцеви заболувања и pак.

Истовремено, истражувањата покажуваат дека хлорогената киселина го балансира нивото на шеќерот во организмот.

Смоквите, како и другите намирници богати со растителни влакна, помагаат при cлабеење и ја одржуваат посакуваната телесна тежина.

Соединенија со антиканцеpогено дејство – бензалдехид и кумарини – исто така се пронајдени во смоквите.

Прелиминарните здравствени истражувања ги потврдија потенцијалните ефекти на овие соединенија врз каpциномите на простата и кожа. Смоквите го решаваат проблемот со калуси и бpадавици.

Ставете наполу пресечена свежа смоква и ставете ја на болното место, па преноќите со оваа облога.

Наутро, извадете ја смоквата и измијте ги нозете во топла вода. Потоа обидете се да ја отстраните тврдата кожа / бpадавицата. Потешки случаи може да бараат до пет вакви третмани.

НАПОМЕНА: Сите наведени рецепти потекнуваат од народната, природна медицина и не се замена за медицински совет и официјално лекување. Пред примена на некој од природните препарти секој задолжително да се советува со својот лекар.