Дали ви се случило некогаш некоја од вашите билки, без посебна причина, да почне да венее?
Не очајувајте и не ја фрлајте веднаш.
Ова е проверен рецепт за смеса од три состојки кои ја враќаат во живот.
Потребни состојки:
1 кора од банана
3 лажички мелено кафе
4 лажички мелени лушпи од јајце
*количините можете да ги намалувате и да ги менувате според потребите, кафе додадете повеќе ако земјата има паразити, кора од банана ако е испостена, а лушпи од јајце ако му е потребно калциум на растението.
Постапка:
Додадете малку вода и изматете ги сите состојки во блендер.
Добиената смеса ставете ја во саксијата со цвеќе, малку расчепкајте ја земјата и полијте со вода.
По некое време вашиот зелен пријател повторно ќе живне.