За мене ова е омиленото, не можам да престанам да го јадам.
Потребни состојки:
1 кг сливи
1 кг 250 г шеќер
2 лимони
Ванила
Ореви
Постапка:
Сливите треба да бидат зрели, но не презрели. Измијте ги добро и со остро ноже излупете ги. Со дврце или друга направа извадете им ги семките и ставете ги во варова вода* да отстојат околу половина час (треба да бидат прекриени со варовата вода, па по потреба додајте уште вода).
Потоа сливите добро измијте ги и ставете ги во цедалка добро да се исцедат. Потоа во секоја слива ставете четвртинка јатка од орев.
На оган ставете го шеќерот со околу една чаша вода да зоврие, па додајте стапче ванила искршено на парчиња (или ванилин шеќер), а некаде на половина од готвењето додајте два лимони исечени на тркалца.
Додека се вари слаткото не се меша туку повремено се протресува шерпата. Вареното слатко се покрива со влажна крпа, а следниот ден се собира во чисти стаклени тегли. Се чува на ладно и темно место.
На еден килограм сливи се става 1,25 кг шеќер.
*Варова вода се добива така што 250 г вар се меша со 2 литри вода. Потоа се додава уште 2 литри вода. Се остава некое време да се спушти талогот на дно. Бистрата вода која останува полека се одлива и тоа е варова вода.
Сода бикарбона растворена во вода, може донекаде да ја замени варовата вода. За потопување на 3 кг сливи на пример, потребни се 3 литри вода и 30 г сода бикарбона.
coolinarika.com