Погледнете како на најлесен начин можете да направите најубаво слатко од јагоди. Ова слатко навистина е фантастично, сè што ви е потребно се јагоди, шеќер и малку вода, како и половина час од вашето време.

Потребни состојки:

1 кг јагоди
1 кг шеќер
400 мл вода

Постапка:

Слаткото најубаво излегува ако го правите во помала количина. Користете пошироко тенџере за готвење на слаткото. Одберете поситни и поцврсти јагоди. Измијте ги и исчистете ги од петелките.

Во тенџерето ставете еден кг шеќер и прелијте со 400 мл ладна вода. Тенџерето ставете го на оган, а откако ќе зоврие оставете 5 минути да се вари без мешање, туку само со повремено протресување.

Важно е да се напомене, дека ниту на почетокот, ниту понатаму во варењето не треба да се меша. После 5 минути вриење на сирупот, додадете ги јагодите и оставете да се вари околу половина час на умерена температура.

Јагодите полека спуштајте ги за да не ве испрска шербетот и оставете ги да се варат. Притиснете малку одозгора со лажицата за секоја јагода да биде потопена во шербетот.

Доколку се формира пена на површината, собирајте ја со лажица која претходно секогаш ќе ја измието под млаз ладна вода. Пената се собира на страна врз некоја помала чинија.

Повремено додека слаткото се вари, малку протресете го тенџерето. После половина час слаткото е готово и одозгора покријте го со мокра крпа. Оставете го целосно да излади. Потоа складирајте го во чисти и стерилизирани стаклени тегли. Затворете ги со целофан и капак, па чувајте ги на ладно место. Деталите погледнете ги во видеото: