Зрелиот плод на дуњата е тврд и со кисел вкус. Се употребува свеж во исхраната, од него се прави слатко, мармалад, желе.. Кај народот, сокот од дуња и варената дуња се употребува против: дијареа, болести на белите дробови, за зајакнување на слозокожата во устата, желудникот и цревата.
Дуњата може да се чува до пролет, а во некои краеви ја сушат исечена на тенки парчиња од кои се вари чај. Покрај минималното количество калории и маснотии што ги содржи дуњата, богата е со протеини, јаглехидрати, диетални влакна и содржи многу танини и пектин.
Семето на дуњата содржи дури 15% масло и големи количини на важната состојка амигдалин, односно витамин Б17, кој има антиканцерогено дејство. Семето е исто така богато со масти, танин, пектин, шеќери, јаболкова киселина, емулзин и протеид.
Овошјето, лисјата и семето се исто така лековити, особено сокот и сирупот. Благодарение на танинот и слузта, овој есенски сируп има корисен ефект врз работата на цревата и спречува заразни болести.
Сок од дуња варен со иста количина шеќер, лекува кашлица, астма и акутна дијареа. Печена или варена дуња се препорачува за воспаление на слузокожата на желудникот и цревата, но и за третман на анемија.
Чајот од цвет од дуња помага за ублажување на кашлицата, а чајот од семе има исто така, ублажувачко дејство, помага при несоницата, како и за убав здив. Дуњата е одлична комбинација со печено месо, пилешко месо, говедско месо и дивеч.
Дуњата е витаминска б омба и е позната во народната медицина каде се користи првенствено како средство за ублажување на кашлицата и сми-рување на стомачните тегоби. Ова корисно овошје потекнува од југозападна Азија. Лековитите делови се плодовите, лисјата и семињата, а особено сокот и сирупот од овошјето.
Во продолжение прочитајте многу едноставен рецепт за слатко од дуњи. Слатко од дуња и ореви – најбрзиот рецепт на старински начин. Рецепт на Валентина Машковиќ. Потребни состојки: 1,5 кг рендани дуњи, 2 кг шеќер, 400 мл вода, 1 лимон.
Подготовка: Најпрво излупете ги дуњите, а потоа изрендајте ги на крупната страна од рендето. Додека ги рендате дуњите, може да ја променат својата боја. Затоа постепено додавајте малку сол од лимон врз ренданиот плод.
Во поголемо тенџере ставете го шеќерот со вода, промешајте и оставете да се растопи на тивка температура. Во растопениот шеќер и кога ќе почне да се прави густа маса, додајте ги дуњите во тенџерето.
Протресете го малку тенџерето, но не го мешајте слаткото. Оставете слаткото да се вари уште 15 – 20 минути. Предност на ова слатко е тоа што не се создава пена и не е потребно да ја отстранувате.
Пред самиот крај додајте 4 парчиња сечкан лимон на кругови и оставете да го испушти сокот уште 2 минути. Потоа тенџерето тргнете го од рингла и додајте ги претходно ситно сечканите ореви.
Потоа со дрвена лажица промешајте го слаткото додека да се соедини со оревите. Пред да го складирате слаткото во стерилизирани тегли, почекајте 15 – 20 минути да се излади. Затворете ги теглите, а слаткото чувајте го на темно и суво место. Деталите од целата постапка погледнете ги во видеото ОВДЕ.