За совршено да ви успее куглофот треба да го знаете следново: сите состојки треба да бидат на температура од околу 20 степени, да се просејат сите суви состојки кои на крај се замешуваат рачно и не премногу долго само додека не се поврзат и изедначат.

Потребни состојки:

125 г путер

190 г шеќер во прав

2 јајца

160 мл јогурт

80 мл кисела павлака

280 г брашно

2 мали лажички прашок за печиво

1 лажичка сода бикарбона

½ шолја какао

Глазура:

100 мл млеко

100 г чоколадо (70% какао)

15 г шеќер во прав

15 г путер

Постапка:

Сите состојки треба да бидат на собна температура. Потребно е околу 10 минути за матење. Прво путерот сам а потоа се додава шеќерот.

Брашно, какао, прашок за печиво и сода –просејте ги. Јогуртот и киселата павлака измешајте ги да се изедначат.

Путерот и шеќерот изматете ги во светла и пенаста маса. Јајата цела додавајте ги едно по едно, матејќи цело време околу 30 секунди. Додадете брашно наизменично со јогуртот, мешајте рачно само додека смесата да се изедначи.

Калапот за куглоф премачкајте го со путер и поросете со брашно. Ставете го тестото во калап (околу ¾ )со димензија од 23 см. Печете на 170 степени околу 45-60 минути.

Извадете од рерна, 10 минути оставете да се излади во калапот, а потоа извадете и изладете на жица за ладење.

Глазура: прелијте преку сечкано чоколадо со загреано млеко, додадете шеќер и путер. Лесно промешајте да се формира сјајна и мазна глазура. Украсете го колачот по желба.