За овој италијански десерт потребни ви се само четири состојки, а добивате слатки погачици со неверојатно кремаст фил и вкусна крцкава коричка. Потребно е само да набавите готово лиснато тесто, да го исечете и испечите, а филот се прави за 5 минути. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 500 г готово лиснато тесто, 30 мл млеко, 200 мл слатка павлака, 400 мл кондензирано млеко. Кондензираното млеко можете да го набавите од подобро снабдените продавници или сами да го направите. Во продолжение можете да прочитате два рецепти за негова подготовка.
ПОСТАПКА за приготвување на слатките погачици: отворете го лиснатото тесто и ако има потреба дополнително развлечете го малку со оклагија за да се израмни. Потоа исечете го на еднакви коцки или правоаголници со големина по ваша желба.
Наредете ги коцките лиснато тесто во плех обложен со хартија за печење. одозгора премачкајте ги со млеко, па ставете ги да се печат во претходно загреана рерна на 180 степени, 20-тина минути или додека да заруменат.
Печените печива оставете ги да се подизладат, а потоа пресечете ги на половина за да добиете две тенки корички помеѓу кои ќе го ставите вкусниот крем. Додека тие се ладат, вие можете да го приготвите филот.
Во длабок сад сипете ја ладната слатка павлака. Што почне да згуснува како шлаг, сипете го кондензираното млеко и продолжете со матење додека двете да се изедначат. Кремот можете да го црпите со лажица, но многу подекоративно изгледа ако го истиснете низ готварски шприц.
Значи, сипете го кремот во шприц за колачи. Секој квадрат подолете го на половина. Филувајте и затворете со другата половина. Одозгора наросете со шеќер во прав и послужете. Деталите погледнете ги во видеопрезентацијата ОВДЕ. Во продолжение прочитајте како се подготвува домашно кондензирано млеко:
„Кондензирано млеко кое се приготвува за 5 минути, а по вкус потсетува на белиот еурокрем“
Колкупати ви се случило да сакате да направите некој рецепт, но кога ќе започнете да ги читате состојките, меѓу нив ќе наидете “кондензирано млеко” и поради тоа се откажувате, зошто нема каде да го купите или е прескапо ако воопшто наидете на него.
Благодарение на овој едноставен и брз рецепт, повеќе не мора да се откажувате од слатките од кои устата ви се полни со вода од самата помисла на нив. Инаку, кондензирано млеко се добива со испарување на водата од млекото така што треба да се вари долго време.
Меѓутоа, постои засладено и незасладено кондензирано млеко, а во рецептите се користи засладено. На крај треба да се добие густа леплива смеса, конзистенција слична како мед. За овој процес потребно е подолг период и многу мешање.
Но, за среќа имаме инстант верзија со која со сигурност ќе добиете одличен резултат, без ризик од промашување. За ова кондензирано млеко потребни ви се: блендер, путер, млеко во прав, шеќер во прав, зовриена вода и малку арома од ванила, по желба.
Сè се микса, се складира во тегла и се чува во фрижидер до една седмица. Со стоење целосно ќе се стврдне, па пред употреба малку загрејте го и ќе биде како тукушто направено. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ ЗА 400 Г КОНДЕНЗИРАНО МЛЕКО: 30 г путер, 60 г шеќер во прав, 200 г млеко во прав, 120 мл зовриена вода, 1 лажичка арома од ванила. Постапката прочитајте ја ОВДЕ, а во продолжение прочитајте го и класичниот рецепт – ОВДЕ.