Мешавината содржи суво грозје, суви кајсии, суви смокви, ореви, мед и лимон.
Сувото грозје е одличен извор на железо
Покрај железо, оваа слатко овошје е одличен извор на бакар како и витамини од Б комплексот. Овој поволен нутритивен состав го прават намирница идеална за зајакнување на крвта и зголемување на производството на црвени крвни клетки.
Оваа намирница е особено погодна за зимска исхрана, а е добра за лицата кои се соочуваат со различни здравствени проблеми како запек, температура, анемија и ацидоза. Може да ви помогне за здраво зголемување на телесната маса, добро е за очите, забите и здравјето на коските.
Сувите кајсии се вкусна храна, корисни за добро здравје и изобилуваат со хранливи материи кои се задржуваат во нивниот состав и по сушењето. Сите здравствени придобивки од суви кајсии се значајни и му помагаат на организмот против голем број заболувања на кожата, косата, а исто така одлични се за организмот во целост.
Сувите кајсии се добиваат со посебен процес на сушење кој ја евапорира водата од овошјето, без да ја оштети или намали хранителната вредност на сувото овошје. Во својот состав содржат калциум, калиум, фосфор, витамин А, железо и витамин Ц. Сервирана количина од една шолја суви кајсии содржи 158 микрограми витамин А, а исто така содржат и многу други хранливи материи кои се многу корисни за целокупното здравје.
Тие се одличен извор на железо и помагач во врзувањето на хемоглобинот, што посебно е значајно за жените за време на менструален циклус.
Сувата смоква Обилува со калиум, калциум, железо, фосфор, бакар и витамините Б6, Ц и бетакаторен. Смоквата има многу ниска содржина на масти, а побогата е со влакна од било кое друго овошје и зеленчук па затоа треба да се консумира секој ден.
Пектинот е растворливо влакно кое го намалува нивото на холестерол во крвта, додека триптофанот помага при проблеми со циркулацијата како и при несоница.
Карактеристично за оревите е тоа што тие се јаткасто овошје кое е калорично и богато со масти, но она што е важно е дека тие масти се здрави незаситени масни киселини: линолна, олеинска и алфа линоленска, а богати се со витамини и минерали кои помагаат организмот да остане здрав.
Листата на нутритивни состојки кои ги содржат оревите е долга. Состојките во нивниот состав, како што се калиум, магнезиум, фосфор, железо, калциум, цинк, витамините; Б9, Б6, Е и витамин А е она што ги сместува помеѓу најздравите намирници на светот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
-суво грозје
-суви кајсии
-суви смокви
-ореви
-мед
-лимон со кора
Постапка:
Ставете по 200 г од сите состојки и еден органски лимон со кора. Состојките сомелете ги во машина за мелење месо (или ситно исечкајте ги), додадете мед, промешајте и складирајте во стаклени тегли.
Употреба:
По 1 супена лажица, двапати дневно, наутро на празен стомак и навечер пред спиење со шолја топла вода, чај или млеко.
За деца (над 3 години) по 1 кафена лажичка, на ист начин.
Крвната слика се подобрува, помага во обновување на коскена срцевина и целокупното здравје, особено дигестијата и здравјето на дебелото црево.