СЛАДОЛЕД ПЛАЗМА КОЦКИ БЕЗ ПЕЧЕЊЕ….Најубавиот колач кој сум го пробала…Еве што ви е потребно:

За долниот слој:
300 г мелени плазма бисквити
100 г путер
100 мл млеко

Фил:
4 цели јајца
5 лажици шеќер
500 мл слатка павлака (додајте 2 лажици шеќер во прав ако користите млечен крем, а ако користите растителен крем, не треба)
150 г плазма бисквити на парче
90 г шлаг во прав (2 кесички)

Шлаг:
160 г млечна чоколада
3 лажици масло

ПОСТАПКА:

1.Јајцата пенасто изматете ги со шеќер додека да згуснат, а потоа сварете ги на пареа (користете помал сад што може да се стави врз друг сад со 2 см вода која врие.

Од моментот кога водата ќе зоврие, намалете ја температурата и варете околу 10 минути. Потребно е јајцата термички да се обработат над 70 степени.) Сварениот крем од јајца оставете да се излади.

2.Измешајте мелена плазмаа, растопен путер и млеко. Треба да добиете ронлива смеса со конзистенција на влажен песок.

Распоредете ја во калап или плех 30 x 20 или 25 x 25 см, може да биде помал, но не и поголем. Израмнете го бисквитот и притиснете го на дното.

3.Изматете ја слатката павлака и во неа додајте го оладениот крем од јајцата и шлагот во прав, па сето соединете го со миксер.

По вкус додајте шеќер во прав, ако сакате посладок колач (или ако користите млечна павлака). Додајте ситно кршена плазма и измешајте сè.

4.Истурете врз кората и рамномерно распоредете. Добро изладете, па прелијте го колачот со растопена чоколада помешана со масло и декорирајте со плазма кекси, а можете да ставите и шлаг. Постапката погледнете ја ОВДЕ.