Дава одлични резултати кај лекувањето на многу тумори: дебело црево, рак на дојка, јајници, канцер на бели дробови, рак на панкреас, простата, бубрези и лекуекемија.
Слаткиот пелин (лат. Artemisia annua) во не толку дамнешно минато се користел на нашите простори како лек, мирис и зачин. Тоа е едногодишна зељеста билка која потекнува од северна Азија. Сродна е со горкиот пелин, меѓутоа овие две билки не треба да се мешаат бидејќи имаат различно дејство и се користат за различни цели.
Артемисија има мирисни цветови со светложолта боја и може да порасне до висина од 2,5 метри, а стеблото на билката е исправено со гранчиња наизменично поставени. Сака сончеви места со добра дренажа. Семето е многу ситно, околу 12000 семиња на 1 грам.
Уште многу одамна биле познати лековитите својства на слаткиот пелин. Во стар Египет се користел како лек против паразити и за кожни болести. Во Кина се користеле 52 начини за лекување на болести, а во некои гробници се најдени рецептури за лекување на хемороиди и лекување на маларија. Подоцна во Средниот век (1568 година) се споменува како фунгицид познат со векови и користен за лекување на маларија.
Денешните научни истражувања потврдуваат дека Артемисија е навистина спасоносна билка кога станува збор за маларијата, на сите бактерии од типот Plasmodium, вклучително Plasmodium falciparum, кој е најчесто отпорен на другите лекови. Меѓутоа, неговиот спектар на лекување не запира тука, слаткиот пелин успешно се бори и против другите бактерии кои предизвикуваат тешки болести.
УПОТРЕБА И КОНСУМИРАЊЕ НА СЛАДОК ПЕЛИН
Најдобри резултати при консумирање на напитокот од сладок пелин постигнуваме со приготвување на следниот начин:
Во термос ставете 4 супени лажици чај од сладок пелин и прелијте го со 750 мл (околу 3 шолји) претходно провриена и малку изладена вода (температурата треба да биде 40 степени). Над 50 степени уништува еден дел од лековитите состојки.
Затворете го термосот и оставете да отстои 12 часа, потоа процедете го и излејте го во стаклено шише. Она што ќе остане од билката повторно прелијте со 250 мл провртиена вода, поклопете и оставете да отстои 15 минути. Потоа процедете и оставете да излади, па спојте со претходните 750 мл. Вака приготвениот напиток содржи најмногу лековити состојки.
Напитокот се консумира наутро по една шолја, еден час пред јадење, една шолја пред ручек и една шолја пред спиење (напитокот кој се пие навечер пред спиење, се пие најмалку 2 часа после јадење).
Во напитокот можете да додадете лажичка мед. Вака приготвениот напиток многу ефикасно делува при габични инфекции, проблеми со дигестивен и уринарен тракт, стабилизација на мокрењето и простатата, смирува желудечни проблеми, го јакне имунитетот, смирува кашлица и забрзува лекување од грип.
ЧАЈ ОД СЛАДОК ПЕЛИН:
Една супена лажица сува билка прелијте со 250 мл млака вода (40 степени), поклопете да отстои 15 минути, па процедете и консумирајте. Вака приготвениот чај има нешто помалку лековито дејство од она што се натопува преку цела ноќ, но ако ви брза направете го вака. Со чајот од сладок пелин можете да ги измивате очите при јадеж, кожа и лице при алергии.
Инаку, при берење на слаткиот пелин треба да се обрати внимание да биде одгледана во незагадена околина, и да биде во полн ек на цветање, на сончево време. Се суви под сенка на проветно место, никако на сонце. Правилно исушената билка има нежно зеленкаста боја.
Напомена: не се препорачува за бремени жени.
Во народните верувања се сметал за билка која носи среќа и љубов, па бил опејуван во многу народни песни. Гранчиња Артемисија се ставале под пазувите во неделите и за празниците. Меѓутоа со развојот на модерната медицина, слаткиот пелин отишол во заборав. Повторно го воскреснаа кинеските научници на чело со Ту Јују која доби Нобелова награда за медицина.
Артемисинин се користи како: антивирусно, антибактериско, антиканцерогено, антипаразитско, антигабично, антиинфламаторно и антималариско средство. Артемисинот е единствен признат лек кој може целосно да ја излекува маларијата. Покрај артемисин, слаткиот пелин во себе содржи и доста лековити состојки кои во синергија се одлични за човековото здравје. Се издвојуваат најважните: кверцетин, лутеолин, камфор, бета-ситостерол, карвакол.
КВЕРЦЕТИН: најактивен од сите познати биофлавоноиди, многу силен противвоспалителен агенс, силен антиоксиданс, спречува создавање плаки на крвните садови, спречува згуснување на крвта, силно антивирусно дејство, антиалергиско, антиревматаско и антиканцерогено при разни малигни заболувања: леукемија, рак на уста, дојка, јајници, желудник, црн дроб, дишни патишта и дебело црево.
ЛУТЕОЛИН: спречува воспалителни болести на мозокот, ги подобрува когнитивните способности. Во комбинација со витамин Ц лутеолинот штити од оксидативен стрес и го спречува размножувањето, но и ги уништува клетките на ракот. Особено е успешен во лекувањето на рак на простата, дебело црево и црн дроб.
КАМФОР: се употребува во облик на раствор како облога при ревматски болки или болки во мускули, невралгија и болки од оштетени нерви. Главното дејство е антисептично, односно спречува развој на микроорганизми. Камфорот ги одбива инсектите, комарците и молците, па алкохоен раствор може да се користи и против овие инсекти.
БЕТА-СИТОСТЕРОЛ: фитостеролите ја зголемуваат апоптозата и даваат ефикасна заштита од рак на дојка, тумор на дебело црево и простата.
КАРВАКОЛ: состојка со многу силни антибактериски својства. Делотворен против повеќето бактерии кои предизвикуваат инфекции на дебелото црево и уринарниот тракт, колера, чиреви и кожни инфекции.
Поради сите овие лековити својства слаткиот пелин е многу делотворен против грип, настинки и разни воспалителни процеси во организмот и за јакнење на имунитетот. Многу е добар во превенција од рак на сите органи, а првите зачетоци ефикасно ги уништува. Неговото антиканцерогено дејство се должи на неговата посебна структура на железото кое се разликува од она на канцерогените клетки.
Канцерогените клетки имаат многу поголема концентрација на железо во однос на нормалните клетки. Во текот на истражувањата, научниците откриле дека Артемисинот има својство на инхибиција и уништување на канцерогените клетки, бидејќи во контакт со железото ги ослободува слободните радикали кои ги уништуваат канцерогените клетки.
Дава одлични резултати кај лекувањето на многу тумори: дебело црево, рак на дојка, јајници, канцер на бели дробови, рак на панкреас, простата, бубрези и лекуекемија.