Високиот притисок е проблем со кој се среќаваат бројни граѓани. Неодамнешни студии покажаа дека боровинките може да бидат природна помош во намалување на крвниот притисок. Во списанието Academy of Nutrition and Dietetics се објавени резултати кои покажуваат дека кај жени во менопауза за само 8 седмици консумација на боровинки во прав, крвниот пририсок им се намалил за 5% просечно, а протокот на крвта поради ширење на крвните садови се зголемил за 69%.

Причината за ова својство би можело да лежи во флавоноидите, антиоксидантите кои го намалуваат и спречуваат воспалението. Не ви се потребни купишта свежа боровинка, туку според првото истражување, доволно е само една шолја смрзнати боровинки.

Сок од боровинка и банана

Освен антиоксиданти, овој напиток е преполн со калиум, пробиотици и диетални нитрати кои се задолжени за намалување на крвниот притисок.

Потребни состојки за 2 чаши:

1 шолја смрзнати боровинки

1 сечкана банана

1 шолја немасен јогурт

1 шолја млад спанаќ

Постапка:

Сте состојки ставете ги во блендер додека да добиете густа смеса.