Многу лесни и едноставни колачи кои се топат во уста. Додека се печат мирисаат до соседите, а се приготвуваат многу лесно и брзо, од некои состојки кои веќе ги имате во кујната: млеко, брашно, густин, кисело млеко…без квасец и без чекање тестото да стасува.




ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 400 мл млеко, 1 жолчка од јајце, 4 супени лажици шеќер, 4 супени лажици скроб/нишесте/густин, 1 лажичка екстракт од ванила, 200 г несолен путер, 4 супени лажици кисело млеко, 3 супени лажици шеќер во прав, рендана кора од лимон, 400 г брашно, 1/2 кесичка прашок за печиво 5 г (1 мала лажичка)




ПОСТАПКА: Во едно тенџере ставете 400 мл млеко, додајте една сирова жолчка од јајце, 4 супени лажици шеќер, малку екстракт од ванила и 4 супени лажици скроб/нишесте. Добро изматете со жица маталка додека да се растопат состојките.




Тенџерето ставете го на оган и загревајте на умерена температура. Мешајте непрекинато додека кремот да се свари и да се згусне како пудинг. Потоа тргнете го настрана и оставете го да се подизлади 10-тина минути со повремено промешување за да не фари коричка.




Потоа кремот одвојте внимателно претурете го во слаткарска кеса (не мора). Во посебен ставете 200 г путер да омекне на собна температура, па додајте 4 супени лажици кисело млеко и 3 супени лажици шеќер во прав. По желба додајте ситно рендана кора од еден лимон.




Во мешавината додајте 400 г брашно, 5 г прашок за печиво, па полека замесете ја смесата додека сите состојки рамномерно да се изедначат. На крај треба да добиете меко и компактно тесто кое лесно се обликува со рака.




На набрашнета работна површина развлечете го тестото со помош на оклагија во тенка кора. По потреба наросувајте малку брашно и врз кората за да не се лепи на оклагијата, а со помош на дланките израмнувајте ја.




Со широка чаша или модла за крофни вадете кругови, па во секој круг ставете по малку од оладениот крем (со слаткарска кеса или со лажичка), па затворајте ги краевите така да се залепат и да се формира топче од кое нема да истекува филот при печењето.




Остатокот од тестото повторно соберете го и развлечете го во кора, а постапката повторувајте ја сè додека имате материјал. Приготвените колачиња редете ги во плех обложен со хартија и ставете да се печат во загреана рерна на 200 степени, 15 минути. Печените колачи и малку подизладени валкајте ги во шеќер во прав.