СИТНИ КОЛАЧИ КОИ ЛЕСНО СЕ ПРАВАТ: Меки и вкусни, а состојките речиси секоја домаќинка ги има во својот фрижидер. Пробајте го рецептот за овие прекрасни мали колачи.
Мекиот бисквит и лесен фил ги прават неодоливи, а подготовката е многу едноставна. Исто така, состојките не се скапи и повеќето домаќинки веќе ги имаат во фрижидер. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 4 јајца, 120 г шеќер, 1 лажичка екстракт од ванила, 120 мл млеко, 120 мл масло, рендана кора од 1 портокал, 100 мл сок од портокал, 200 г брашно, 1 лажица прашок за печиво, 1 лажица оцет
За фил: 240 мл слатка павлака, 2 лажици шеќер. За декорација:. шеќер во прав (по избор)
ПОСТАПКА: Јајцата убаво изматете ги со шеќерот и ванилата. Потоа истурете го млекото и продолжете со матење, а потоа постепено додајте го и маслото. Сè убаво изматете со миксер, па додајте ја ренданата кора од портокал и измешајте.
Додајте просеано брашно заедно со прашок за печиво и нежно измешајте, па истурете оцет. Мешајте со бавни движења за да остане смесата пенлива, но да нема грутчиња од брашното.
Плехот 30х40 см малку подмачкајте го, па обложете го со хартија за печење. Потоа истурете ја смесата и израмнете. Печете во загреана рерна на 180°C околу 25 минути.
Исечете ги формите со помал кружен калап, а преостанатото тесто ситно издробете го во трошки (кои подоцна ќе ги искористите за декорација). Загрејте го малку сокот од портокал и премачкајте го секое колаче за да омекне бисквитот.
Слатката павлака изматете ја со шеќер додека да добиете шлаг, па ставете врз секое колаче (најдобро со готварски шприц), а потоа посипете со трошките од бисквитот. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.