Овој природен препарат може да ги замени дури и најскапите креми за блескава и мазна кожа, а за да имаме убава кожа однадвор, потребно е да го исчистиме телото одвнатре.

Сигурно ви е познато дека плодот и листот на вишната се многу лековити. Тие се богати со витамините А, Ц, Е и фолна киселина, магнезиум, железо, калциум… Она што е најдоброто – можете да ги консумирате во неограничени количини.

Покрај тоа, ако направите чај од петелки и листови од вишни, ќе се ослободите од песокот во уринарните патишта. Исто така, ќе се ослободите од целулитот, бубрежни болести и кашлицата. А меѓу другото делува и како афродизијак.

Лист од вишна помага кај првут и отоци на очни капаци, а чајот од винов лист е доста популарен и за губење на вишокот килограми.

Меѓутоа, дали знаевте дела вишновиот лист во комбинација со пиво е одличен еликсир за телото?

Овој напиток се препорачува за да се намалат воспалителните процеси во телото и да се заштити нервниот систем. Воедно помага во превенција на рак, лекување на тегоби од менопауза и несоница.

Потребни состојки:

1 лажица сув и издробен лист од вишна
1 лажица сув цвет од кантарион
600 мл пиво

Постапка:

Во еден сад ставете една лажица сув и ситно издробен лист од вишна и една лажица сув цвет од жолт кантарион. Прелијте со три чаши врело пиво. Смесата загрејте ја до вриење, а потоа намалете го огнот на тивко и варете 30-40 минути. Изладениот чај процедете го низ газа.

Употреба: Се пие трипати дневно по една шолја (добиената количина поделете ја на три дела). Се пие после јадење, а третата доза се пие пред спиење. Овој чај може да се пие два месеци.