Неверојатно вкусни колачиња. Колачињата со овој фил се многу оригинални, интересни. Сè се подготвува многу едноставно за неколку минути.

Вкусот на овој десерт ќе ве изненади и воодушеви вас и вашите најблиски. Дури толку многу е вкусен и едноставен, што можете да си приготвувате секој ден. Еве што ви е потребно за приближно 18 парчиња:

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

Тесто:
– 120 мл цврст јогурт без шеќер/или кисела павлака
– 1 јајце (мало или 1 жолчка)
– 100 г путер
– 260 г брашно
– 1 лажиче прашок за печиво
– прстофат сол

ФИЛ:
– 50 г суво грозје
– 50 г чоколадо
– 60 г шеќер
– 40 г ореви
– 15 г семе од афион
– 1 белка
Се пече во добро загреана рерна на 180°C ~15-20 минути. Времето за печење зависи од вашата рерна.

ПОСТАПКА:

Разредете го цврстиот јогурт со едно мало јајце, а ако тоа е поголемо, тогаш искористете ја само жолчката.

Во подлабок сад просејте го брашното, додајте сол, прашок за печиво и промешајте. Додајте омекнат путер на собна температура и со рака соединете го со брашното додека да добиете „трошки“.

Тука сипете ја смесата од јогурт и јајце, па прво промешајте со лажица, а потоа и со рака. Замесете додека да добиете фино компактно, средно тврдо тесто кое лесно се обликува. Ставете го во кеса и да одмори 20 минути во фрижидер.

Потоа тестото развлечете го во тенка, правоаголна кора со дебелина од 4 мм. Премачкајте ја со белка преку целата површина, па наросете шеќер.

Потоа распоредете крупно мелени ореви, мелено семе од афион (мак), рендано чоколадо и суво грозје (претходно можете да го дехидрирате во сок од протокал или рум).

Внимателно свиткајте го ролатот по должина и малку сплеснете го од горната страна. Потоа исечете го на парчиња со широчина од 3 см.

Одозгора премачкјате со жолчка и со чепкалка или виљушка направете шари (коси линии, по желба).

Наредете ги во плех обложен со хартија и печете ги во загреана рерна на 180 степени, 15-20 минути.

Печените колачи оставете да се подизладат и по желба наросете ги со шеќер во прав. Видеопрезентацијата погледнете ја ОВДЕ.