Понекогаш доаѓаат моменти кога секој од нас се преиспитува себеси: дали сум добра личност? Секој кој има совест, барем еднаш си го поставил ова прашање. Иако сте добра личност, сепак другите ве доживуваат токму на спротивен начин. Во продолжение на текстот, прочитајте ги можните причини за тоа.




Навистина не треба да ви биде важно што мислат другите за вас (ако чесно работите и на сè пристапувате без предрасуди, не загрозувате никого на кој било начин, тогаш навистина немате потреба да се вознемирувате за тоа што мислат за вас).




Потребно е да имате на ум дека поради некои ваши одредени начини на однесување, кај луѓето создавате одбојност, па тие смислуваат лаги и пакоcти за да стават pамка околу ваc и да ве обележат како лоша личност.




Иако ниту тоа не треба да биде причинa за да не можете навечер мирно да заспиете, сепак, тоа би можело да има влијание врз воспоставувањето на нови контакти со нови луѓе, без разлика дали тие се од бизнис, пријателска или романтична природа.




Иако вие длабоко во себе знаете дека сте добра личност (имате добри дела, немате лоши помисли, чесни сте и чесно го живеете животот), еве зошто другите ве доживуваат токму на спротивниот начин.




РЕТКО СЕ СМЕЕТЕ. Или, не ce смеете веднаш кога и другите. Немате секогаш насмевка на лицето, па оставате впечаток на скаменетост. Не ce смеете на „прва“. Често сте сериозни и изгледате прилично строго. Поради тоа изгледате студено или одбојно.




Меѓутоа, вие тешко се опуштате пред други луѓе, бидејќи едноставно не сакате да бидете искористени. Од друга страна, премногу сте аналитични и се обидувате да дознаете со кого имате работа, пред да ја откриете својата прва, весела страна.




Да, на другите тоа може да им изгледа одбојно, но вие имате сфатено дека токму таа „маска“ ви помогнала во минатото за подобро да ги процените луѓето и на тој начин да се заштитите себеси и својот интегритет.




РЕТКО БАРАТЕ ПОМОШ. Не сакате да бидете некому терет, тивко стекнувате независност и живеете „зачаурени“ во сопствениот одбранбен став. Никогаш не ви паднало на памет да „изигравате жpтва“ и на тој начин да освоите нечии симпатии.




Меѓутоа, на тој начин оставате впечаток дека никој не ви е потребен. Помош побарувате во многу ретки моменти, кога сте ги исцрпиле сите свои ресурси и сфаќате дека сами не можете да излезе на крај со ситуацијата во која сте се нашле.




НЕ ВЕТУВАТЕ. Иако не ветувате и не се зарекувате за ништо, вие сепак давате сè од себе. Вие сте жена од акција. Не сте навикнале да давате празни ветувања и да нудите лажна сигурност. Поскоро ќе се оградите и ќе се обидете колку можете да помогнете, отколку да ветите нешто за кое од самиот почеток знаете дека нема да можете да го исполните.

РЕАЛИСТ СТЕ. И верувате на сопствената интуиција. Секогаш се надевате на најдоброто, но свесни сте за реалноста и знаете дека животот некогаш може да биде неправеден. Работите спонтано и не се обидувате да им угодувате на другите. Не сте конвенционални, напротив, сакате да градите свои патишта, по свои принципи. Ова честопати не им се допаѓа на другите луѓе.

ИМАТЕ МАЛКУ ПРИЈАТЕЛИ. Иако можат да се избројат на прстите од раката, тие се вистински, искрени пријатели. Не си го пикате носот во туѓи работи. Едноставно ја почитувате приватноста на луѓето и не сакате да се мешате во нивните проблеми. Секако, ако некој ви се довери и ја побара вашата помош, вие секогаш сте тука.

ПРОСТУВАТЕ, НО НЕ ЗАБОРАВАТЕ. Кога некој ќе ве повpеди, по извесно време можете да му простите и тоа (во најголем број од случаите го правите). Сепак, не ја заборавате б олката која сте ја проживеале и она за што би требало да бидете повнимателни во иднина.