Чистотата во еден дом може да се забележи по свежината која ја дава тоалетот. Меѓутоа, сигурно сте забележале дека тоалетот мириса убаво и свежо само дента кога ќе го исчистите.

NMD.mk

Веќе следниот ден го губи сјајот, особено пријатниот мирис, како да не било претходно чистено. За среќа, една домаќинка откри едноставен метод како засекогаш вашиот тоалет да мириса прекрасно и тоа без голема мака.




Таа вели дека тоалетот секогаш ѝ мириса прекрасно, а особено тоа го забележувале сите гости што ѝ доаѓале во домот. По краток престој тие веднаш се распрашувале за тајната и методот кој таа го користела, а кој всушност е многу едноставен.




„Првиот трик кој го користам за да го исчистам мијалникот е сода бикарбоната-дијамантскиот прав на чистотата. Со сода бикарбона наросете го целиот мијалник, вклучувајќи ја и чешмата. Потоа, испрскајте малку алкоxолен оцет 9%, онаму каде што сте ставиле претходно сода бикарбона.




На овој начин, состојките ги апсорбираат нечистотиите кои се насобрани во мијалникот и длабински го чистат од насобраните бактерии и други штетни микроорганизми. Потоа, земете еден чист сунѓер кој треба да го навлажните малку со вода. Дополнително, за да мириса убаво, на мијалникот испрскајте малку етерично масло по ваш избор и потоа со сунѓерчето истријте ги нечистите делови, па исплакнете со вода.




Потоа со сува крпа, пребришете ја површината – изгланцајте и забележете ја магијата од која целата бања мириса прекрасно, со неколку едноставни состојки кои со СИГУРНОСТ ги имате дома. Следниот трик кој ми обезбедува долготрајна убава миризба на бањата е следниот:




Од казанчето на вц-школката отворете го капакот (кој служи за собирање на вода). Во водата додајте 1 таблета за машинско перење на садови. Јас ставам таблета која е обложена со најлон кој во допир со водата се раствора и се топи, а доколку вашата таблета не е обложена со саморастворлива фолија, тогаш отстранете ја пред да ја додадете во казанчето.




Потоа, секој пат кога ќе ја пуштите водата, таблетата ќе ја чисти вц-школката и ќе мириса на свежина. По избор, може да додадете и етерично масло по желба за посилен мирис или омекнувач за алишта. Верувајте, целиот дом ќе ви замириса на парфимерија, штом ја отворите вратата од бањата.




Уште еден трик за брзо чистење на вратичките од туш кабината е следниот: со помош на бебешко масло и микрофибер крпче истријте го стаклото на местото каде што има најмногу нечистотии и наталожен бигор.




Следниот пат кога ќе се туширате, бигорот нема да се лепи за туш кабината, а овие методи може да ги практикувате во секој момент кога ќе ја забележите појавата на нечистотии. Деталите од целата постапка можете да ги погледнете во видеото OВДЕ.