Легендата вели дека баклавата е најдобро да се послужи следниот ден, но тоа многу ретко се случува, затоа што таа е толку примамлива, што секој сака веднаш да ја проба.
Речиси половината се јаде истиот ден, па ако ја скриете, може да остане и за следниот ден. Еве што ви е потребно:
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ: 1 кг ореви (500 г мелени ореви, 500 г блендирани или ситно сечкани ореви), 1 кг домашни тенки кори за баклава (свежи), 1.2 кг кристал шеќер, 250 г путер, 1 сок од еден лимин, 1 литар + 250 мл вода
ПОСТАПКА:
Во подлабок сад измешајте ги мелените и ситно сечканите ореви, па од вкупната количина шеќер одземете пет супени лажици и додајте ги во оревите. промешајте уште еднаш за да се распореди шеќерот и филот е спремен.
Потоа подгответе две тенџериња, една поглемо и една помало.
Во помалото тенџере ставете 12 супени лажици шеќер и додајте 250 мл вода, а во поголемото тенџерете сипете го сиот преостанат шеќер и додајте еден литар вода.
Големото тенџере ставете го на оган и од моментот на зовривање варете го 15 минути, додека шеќерот целосно да се растопи и сирупот сосем малку да згусне.
Со овој сируп од големото тенџере се залива печената баклава. После 15 минути варење на умерена температура, црпнете со лажица од сирупот и ставете една капка врз тацна за брзо да се олади, па притиснете со два прста и проверете дали е леплив.
Треба да биде средно леплив. Штом е добро сварен сирупот тргнете го оган и оставете го да се олади.
Веднаш во врелиот сируп додајте свежо исцеден сок од еден лимон и промешајте. Потоа помалото тенџере ставете го на оган и оставете го да зоврие со повремено мешање.
Од моментот кога ќе зоврие, овој вториот, помалиот сируп се вари 5 минути, па проверете го исто како и првиот. Овој треба да е погуст и полеплив од првиот. Оставете го настрана да се лади.
На тивок оган растопете го путерот. Корите за баклава отворете ги на работна површина и израмнете ги/ искројте ги според големината на вашиот плех.
Одвојте 7 кори кои ќе бидат ставени на дното и 5 кори кои ќе се стават најгоре. Остатокот од кори се редат помеѓу. Плехот премачкајте го со растопениот путер. Потоа ставете ја првата кора, па втората, па испрскајте ја со малку путер.
Постапката повторете ја со третата, четвртата и петтата кора. Прелијте со путер, па ставете ги последните две кори. Врз седмата кора не се става путер, туку обилно се наросува со мешавината од ореви.
Потоа ставете една кора, малку путер, втора и трета кора, путер, потоа две кори без путер. Повторно обилно распоредете од мешавината со ореви. Оваа постапка се повторува до крај, додека да се потроши сиот материјал.
На крај се става една кора, малку путер, втора кора, малку путер, трета кора, малку путер и последните две кори. Питата исечете ја на ромбови или како сакате. Одозгора прелијте ја баклавата со остатокот од путерот.
Во меѓувреме рерната загрејте ја на 150 степени. Ставете ја да се пече (поточно да се суши) околу еден час, додека да добие златно жолта боја.
Потоа врелата баклава прелијте ја со ладниот шербет (првиот) и оставете да се олади. Откако ќе се олади, баклавата залијте ја и со вториот, погустиот сируп. Деталите погледнете ги ОВДЕ.